Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, четврток, 11 јули ќе изврши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.
Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива утре, во раните утрински часови, а во текот на денот ќе се изврши и терестрична дезинсекција. Градските власти и овој пат напоменуваат сека доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе го дозволуваат тоа и во истиот термин. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. Се апелира до пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Градот Скопје досега има извршено три прскања (авионско и терестрично) против возрасни форми на комарци и едно прскање (авионско и терестрично) против ларви од комарци.