Сликата за која се верува дека е „Тете д’Арлекин“ на Пабло Пикасо, украдена од ротердамскиот музеј „Кунстхал“ во 2012 година, се појави во Романија. Во еден од најдраматичните грабежи крадците украдоа седум слики вредни милиони евра – дела на Пикасо, Матис, Моне и др. Иако романските крадци и нивните соработници се прогласени за виновни за грабежи, ниедно уметничко дело досега не беше откриено, а романските експерти веруваат дека најмалку три од нив се запалени во обидот да се уништат доказите.
Тужителите во борбата против организираниот криминал ги истражуваат околностите под кои сликата што ја потпишал Пикасо, вредна 800 илјади долари, е пронајдена во саботата вечер во Романија. Експертите потврдуваат дека сликата е автентична.
Полицијата објави дека двајца холандски граѓани стигнале во холандската амбасада во Букурешт носејќи ја сликата. Тие кажале дека ја пронашле во југоисточниот романски округ.
Снимката од сигурносната камера, објавена за време на кражбата, покажува банда што влегува низ задната врата на музејот и потоа исчезнува од видикот. Неколку секунди подоцна повторно се појавува носејќи огромни предмети.