Од четирите репрезентации-полуфиналисти на Светското првенство во фудбал во Русија, само Англија има селекција со фудбалери само од една земја. За Хрватска настапуваат репрезентативци од клубови од 11 земји, за Белгија од осум, а за Франција од пет.
Најмногу фудбалери во полуфиналето ќе има англиски Тотенхем, речиси цел тим, вкупно девет, и тоа петмина во Англија (Дени Роуз, Киран Трипие, Ерик Даер, Деле Али и Хари Кејн), тројца во Белгија (Јан Фертонген, Тоби Андервирелд и Муса Дембеле) и еден во Франција (Уго Лорис).
На оваа листа потоа следуваат Челси, Манчестер сити и Манчестер јунајтед, со по седуммина. Кај Челси тоа се Оливие Жиру, Нголо Канте (Франција), Еден Азар, Тибо Куртоа, Мичи Батшуаи (Белгија), Гери Кејхил и Џордан Хендерсон (Англија). Во Манчестер сити играат Бенџамин Менди (Франција), Венсан Компани, Кевин де Брујне (Белгија), Кајл Вокер, Џон Стоунс, Рахим Стерлинг и Фабиан Делф (Англија). Членови на Манчестер јунајтед се Пол Погба (Франција), Маруан Фелаини, Ромелу Лукаку (Белгија), Фил Џонс, Џеси Лингард, Ешли Јанг и Маркус Рашфорд (Англија).
Ниту еден клуб нема репрезентативци во секоја од четирите селекции-полуфиналисти.