„Самсунг“ се откажа од „галакси С21 ФЕ“
Иако се очекуваше дека „Самсунг“ ќе лансира подостапен модел од серијата „галакси С21“, наводно нема да се случи тоа.
Претходно беше најавено дека „галакси С21 ФЕ“ ќе биде претставен во август, потоа неговото пристигнување беше одложено за октомври, а јужнокорејските медиуми сега тврдат дека тој воопшто нема да се појави на пазарот.
Наводно, „Самсунг“ одлучи дефинитивно да го откаже „галакси С21 ФЕ“ поради импресивната продажба на „галакси Ф флип 3“, како и поради недостигот на чипови, што создаде големи проблеми во бизнисот со мобилни телефони оваа година.
Настанот „Анпекд“ е планиран за средината на октомври, но претставник на „Самсунг“ потврди дека нема да се одржи и дека тимот размислува дали воопшто ќе се најде на пазарот. „Галакси З флип 3“ веќе добро се продава со процесорот Квалком снепдрагон 888, што се очекуваше и во „галакси С21 ФЕ“.
Несигурноста во производството на чипови претставува притисок за „Самсунг“ да донесе тешка одлука за тоа кој уред ќе биде жртвуван.