Со сигурност може да се каже дека повеќето возила како што стареат ќе вредат помалку пари. Но постојат автомобили што го оспоруваат овој тренд. Нивните вредности се зголемуваат со возраста. Сплетот на околности може да создаде ваков вид сценарио. На пример, на возило што е уникатно или ретко а е многу пожелно може да му се зголеми вредноста. Овие автомобили може да бидат добра инвестиција. Затоа, мудро е неколку стари автомобили да се купат порано отколку подоцна.
Со текот на времето и одминувањето на годините, на одредени автомобили им расте вредноста и стануваат колекционерски предмети, што може да претставува добра инвестиција. За разлика од просечниот автомобил на кој му се намалува вредноста колку што е постар, на овие автомобили им се зголемува вредноста и колку се постари толку се и поскапи. Причините за ова се разликуваат, но честопати главен фактор се понудата и побарувачката. Во зависност од актуелните состојби некои автомобили се попосакувани од другите. Луѓето се сеќаваат на автомобилите од своите помлади години и во подоцнежниот живот имаат средства за да ги купат, па на овој начин придонесуваат за нивна поголема побарувачка. Ако снабдувањето со возила е ограничено, почнува да се зголемува нивната цена при откупување, а притоа се создава недостиг во снабдувањето.
Оригинален „фиат 500“ – 1950 година
Пуштен во 1957 година, четвороседниот мал градски автомобил стана иконски италијански класик. Совршен за маневрирање во тесни улици и за паркирање во тесни паркинг-места, шармантниот „фиат 500“ е практичен, економичен и сигурен автомобил. Примероците во совршена состојба се продаваат за над 30.000 американски долари, додека, пак, моделите кај кои е потребна реставрација се достапни за помалку од 10.000 американски долари. Современата верзија на „фиат 500“ беше лансирана во Северна Америка во 2010 година. Продажбата оди лошо и се очекува да биде прекината во 2020 година.
„Mк1 фолксваген голф гти“ – 1983 година
Прво откриен на Саемот за автомобили во Франкфурт во 1975 година, „фолксваген голф гти“ е еден од оригиналните хечбек-автомобили. Со наметнување на црвена боја на предната решетка, менувач во форма на топката за голф и квадратен изглед, „Mк1 голф гти“ претставува инженерско постигнување што го привлекува вниманието. Треба да се внимава на рѓата кога го купувате овој автомобил за да се избегнат дополнителни трошоци и работа на него. Поради недостиг и намалување од бројката на овој германски класичен хечбек, неговата цена пополека само се зголемува.
„БМВ М3 Е30“ – 1986 година
Еден од најпрепознатливите автомобили на БМВ, со помалку од 20.000 произведени модели на „БМВ М3 Е30“, од кои 5.000 направени за американскиот пазар. Поради малата понуда и високата побарувачка, вредноста на „M3 E30“ последниве години драстично се зголеми. Автомобилите од оваа серија што имаа мала километража се продаваат за 102.000 американски долари. Овој германски седан има силна историја во мотоспортот. Тој е произведен кон крајот на 80-тите години и претставува автомобил со високи перформанси. Типичниот примерок на „БМВ М3 Е30“ може да се набави за околу 60.000 американски долари.
„Порше 911“ – 1997 година
„Порше 911“ претставува луксузен спортски автомобил со високи перформанси, кој првпат бил произведен во 1963 година. Ова возило е посакувано од многумина, а обликот на каросеријата не е многу сменет од почетоците на неговата популарност. Со четири седишта во „порше 911“, има доволно место за да се сместат две деца или возрасни лица во задниот дел на автомобилот. Моторите на „порше“ до 1998 година беа ладени со воздух, по таа година се воведени нови системи за ладење со вода. Токму моделите за ладење со воздух пред 1998 година се најпосакувани, затоа вредноста кај овие автомобили ќе продолжи да се зголемува. „Порше карера“, „тубо“, „РС“ и ограничените производствените модели се најбарани.