Откога граѓаните почнаа да ги пријавуваат штетите што им настануваа од дотраените дрвја, градските власти почнаа да прават селекција и ревизија на дрвјата. Во согласност со селекцијата почнаа да ги отстрануваат постарите дрвја што би можеле да нанесат некаква штета, за која, доколку настане, ќе треба да платат градските власти. Затоа тие од сигурносни причини ги исекоа дрворедите од тополи кај Паркот на новинарите. Дали поради негрижа или неквалитетни садници, новите тополи овенаа. За жал, граѓаните во летниот период нема да можат да се оладат под сенката што ја овозможуваа тополите во Паркот на новинарите.