САД ќе ги притискаат сојузниците за да издејствуваат отстапки во трговските договори, но мали се шансите за трговски компромис со ЕУ
Освен што САД силно се фокусирани на трговската војна со Кина, врз светската економија силно ќе се одрази и големата закана од американските автомобилски царини и конфронтацијата меѓу САД и другите големи сили во Светската трговска организација (СТО). Економската политика на Белата куќа, иако е подложна на махинациите на ривалските идеолошки табори, во голема мера ќе биде водена од интересот да ги намали трговските дефицити преку билатерални преговори. Американската администрација исто така не се плаши да искористи директна тактика во поставувањето на условите. Дури и ако Белата куќа се заканува со царини за автомобилскиот увоз, кој е главна причина за американскиот трговски дефицит, во името на националната безбедност, тоа нема да ги реши трговските договори кои не успеваат да вклучат важни компромиси во пазарите, како што е земјоделството, каде што американските извозници се покомпетитивни. САД исто така ќе ги искористат билатералните трговски договори за да ги одвратат американските трговски партнери од потпишување на договори за слободна трговија со Кина.
Финализацијата на договорот меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА), кој веќе вклучува поголеми заштити за американските производители на автомобили и законските квоти, во голема мера ќе ги изолира Мексико и Канада од заканата на американските автомобилски царини. Намалената економска закана по северноамериканската трговија ќе ја намали и итноста на американскиот Конгрес да наметне законски проверки врз трговската политика на Белата куќа.
Германија најмногу би изгубила од трговската борба за автомобилите со САД, но нема да може да ја натера ЕУ, а особено Франција, да направи компромис во земјоделството за да ја задоволи Белата куќа.
Јапонија има добри шанси да ја ублажи заканата од американските автомобилски царини преку ограничен трговски договор со САД, со оглед на земјоделските компромиси што ги направи во нејзиниот договор за слободна трговија со Канада и во Сеопфатното и прогресивно транспацифичко партнерство во 2018 година. Јужна Кореја најверојатно ќе ги прифати квотите за да се ослободи од автомобилските царини. За разлика од тоа, многу се мали шансите за да се постигне сеопфатно трговско решение меѓу САД и ЕУ во 2019 година. Германија најмногу би загубила од трговската борба за автомобилите со САД, но нема да може да ја натера ЕУ како блок, а особено Франција, да направи отстапки во земјоделството за да ја задоволи Белата куќа. Во зависност од тоа кои трговски агресивни политичари и прагматичари во администрацијата го советуваат претседателот, Белата куќа најверојатно ќе избира дали да го повлече примирјето, дали да наметне автомобилски царини и да ги засили европските со надеж дека на крајот ќе го присили Брисел на договор или ќе ги ублажи своите амбиции и наместо тоа ќе се насочи на тековните преговори за регулативите и стандардите кои недостигаат во формалните преговори за слободна трговија.
Паралелно на овие проблематични трговски преговори расте конфронтација меѓу големите економски сили и СТО. Светската трговска организација (СТО) актуелно решава многу случаи поврзани со националната безбедност, вклучувајќи еден за оправданоста на воведувањето на американските царини за челик и алуминиум во 2018 година. Белата куќа ќе ги искористи овие случаи за да докаже дека мултинационалното тело нема право да суди за нешто што првично спаѓа во национална безбедност.
Ако Белата куќа победи, тогаш на другите држави ќе им биде многу полесно да ги кренат протекционистичките бариери во име на националната безбедност. Ако Белата куќа загуби, тогаш одлуката само ќе ѝ помогне во борбата за нарушувањето на кредибилитетот на СТО. Во секој случај, Конгресот има надлежност да спречи целосно американско повлекување од СТО, што ќе ја промени светската економија. Но САД имаат средства за да го парализираат процесот за решавање спорови во организацијата. Поради блокадата од САД за нови назначувања до декември 2019 година, апелациското тело ризикува да остане без минималните три члена потребни за носење пресуди во случаите.
Ваквата форма на протест од САД, која му претходеше на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, има за цел да поттикне поддршка кај ЕУ, Јапонија, Канада и другите главни трговски партнери за реформи во СТО со што ќе се забрза процесот на донесување пресуда и ќе се разјаснат правните граници додека САД сакаат да го спречат телото да се вмеша во суверената трговска територија. Исто така, САД сакаат да ја натераат СТО построго да ги надгледува Кина и другите земји за злоупотреба на трговијата, вклучувајќи ги државните субвенции и кражба на интелектуална сопственост. Поради тоа, ќе заврши со работа панелот на СТО што работи на случајот против ЕУ поведен од Кина, која сака да биде признаена како пазарна економија. Ако ЕУ го загуби случајот, тоа ќе даде нова динамика во американскиот аргумент дека СТО не е способна да ја регулира кинеската трговија.
Сè поголем број влијателни земји се залагаат за реформи во СТО за да се забрзаат пресудите во организацијата и да се разјаснат правните граници што ги ограничуваат упадите во суверената трговска територија. Но американските барања за реформи се преголем залак за бавната и поделена мултинационална организација со која владее консензусот. Постои реална закана дека САД ќе работат напорно за да го запрат процесот за решавање на спорови, сценарио кое би можело да ги натера економските сили повторно да започнат преговори за да ги надминат разликите како што направија според Општиот договор за царини и трговија, системот пред формирањето на СТО, кој управуваше со светската трговија во геополитичка клима полна со неизвесност.