Во последниве години видовме повеќе суперхеројски филмови, но исто така и варијации на темата „Шерлок Холмс“. Познатиот детектив од перото на Артур Конан Дојл го играа Роберт Дауни Џуниор, феноменалниот Бенедикт Камбербач и Доналд Ли Милер во серијата „Елементарен“. Сега Вил Ферел дојде до ред. Славните ликови Шерлок Холмс и докторот Вотсон добија нови улоги, овој пат во комедија.
Во трејлерот се гледа како двете ѕвезди маскирани се обидуваат да решат мистерија поврзана со убиство во Бакингемската палата. Исто така може да видиме кои други актери се појавуваат во филмот, Ралф Фајнс ќе го толкува ликот на негативецот Мориарти. Во другите улоги ќе се појават Кели Мекдоналд, Лорен Лупкус и Хју Лори.
Премиерата е закажана за 21 декември.