Освен што му даваат посебен шмек на секој простор, собните билки го прочистуваат воздухот и ги намалуваат нивото на стрес и напнатоста.
Ако сте во потрага по идеално зеленило, кое ќе го украси вашиот дом, потребно е да размислите надвор од естетските рамки. Голем број билки можат да бидат исклучително опасни по здравјето на куќните миленици. Еве дел од нив.

Спатифилум
Оваа популарна зимзелена билка со бели цветови можеби е убава, но е мошне опасна за мачките и за кучињата. Обидот да се џвакаат листовите, кај куќните миленици може да предизвика повраќање и тешкотии при голтањето.

Фикус лира
Фикус лира е собна билка, многу често може да се забележи на Инстаграм и на Пинтерест како дел од ентериерот, но не е нималку добар избор за оние што имаат куќни миленици. Иако нема смртоносно дејство кај мачките и кај кучињата, сериозно ги надразнува устата и слузокожата.

Кококазија
Тропска билка кококазија, позната и како слоново уво, според зборовите на експертите, може да доведе до оток на устата, повраќање и дијареа кај домашните миленици.

Еукалиптус
И покрај смирувачкиот мирис и убавите листови, еукалиптусот кај куќните миленици може да предизвика слабост и сушење на устата.

Еластичен фикус
Популарната собна билка може да предизвика кожни иритации кај луѓето и сериозна болест на системот за варење кај куќните миленици.


Крлежите – пролетни непријатели

Главни и најупорни непријатели на нашите куќни миленици се крлежите. Секоја година повеќе од стотици кучиња се заразени со нив, а болестите што ги пренесуваат се опасни по животот на милениците. Иако крлежите не се појавуваат само во пролет и есен, туку низ целата година, ова е период од годината кога сопствениците најчесто се наоѓаат „очи во очи“ со овие опасни паразити.
Пироплазмоза или бабезиоза е една од најопасните и најпознати болести што ги пренесува крлежот. Причинителот на болеста, всушност, е крлеж од фамилијата иксодес.
Причинителот бабис канис паразитира во еритроцитите, црвените крвни клетки. Незаразените крлежи исто така може да се заразат кога ќе цицаат крв со заразени еритроцити. Знаците на болеста се променливи.
Најчест облик е акутниот со покачена температура, одбивност на храна, слабост, бледост, депресија, темно или крваво мокрење, зголемени лимфни јазли и зголемена слезина. Сите овие симптоми можат да бидат помалку или повеќе изразени.
Превентивата е најважна во ваквите случаи. Редовно негувајте го миленикот со средства против ектопаразити во текот на целата година и прегледувајте го по секое шетање.
Потребно е крлежот да се извади што побргу. Доколку не сте способни, однесете го миленикот на ветеринар.
Кога ќе се вратите од шетање, прегледајте го миленикот детално. Крлежите може да бидат на кое било место, скриени во влакната, устата, шепите и ушите.