Продукциските куќи „Анапурна“ и „План Б“, во соработка со новинарите од „Њујорк тајмс“, кои го открија секс-скандалот со продуцентот Харви Вајнстин, планираат да снимат филм. Проектот ќе се работи по урнекот на оскаровскиот филм „Под лупа“, кој исто така претстави истражувачка новинарска сторија.
Клопчето околу приказната за случаите на сексуално вознемирување од страна на Вајнстин почна да се одмотува лани во октомври, што резултира со отказ од неговата сопствена продукциска куќа, а подоцна и нејзин банкрот.
Репортерите што го разоткрија Вајнстин, Џоди Кантор и Меган Твохи, месецов ја добија и Пулицеровата награда, токму за оваа новинарска сторија.