Долгоочекуваниот трилер-хорор „Стакло“ доби нов трејлер, кој ветува одлична филмска приказна со извонредните глумци: Семјуел Л. Џексон, Брус Вилис и Џејмс Меквој.
„Стакло“ е ново остварување на познатиот режисер, сценарист и копродуцент М. Најт Шамалан, а претставува продолжение на филмовите „Нераскинливо“ од 2000-та и „Поделени“ од 2016-та. Шамалан го поврза дејството со главните ликови од овие филмови: Елеајџа Прајс (Семјуел Л. Џексон), Вендел Крамб (Џејмс Меквој) и Дејвид Дан (Брус Вилис). Во филмот „Стакло“ сите се пациенти во лудница, бидејќи веруваат дека се оживеани ликови од стрип.
Покрај нив тројца, во филмот се појавува и Сара Паулсон, во улога на психијатар.
„Стакло“ во киносалите пристигнува на 18 јануари.