Со доаѓањето на пролетта, почнува да се зголемува и понудата на зелените пазари. Една од првите пролетни намирници секако е јагодата, едно од омилените овошја за децата и возрасните. Тие не се одлични само поради нивниот беспрекорен вкус туку и поради нутритивната вредност, која е исклучително голема.
Јагодите се одличен извор на растителни влакна, витамин Ц и антиоксиданти, а исто така вашето здравје може да има голем број придобивки доколку ги вклучите во вашата исхрана.
1. Го подобруваат имунитетот
Една порција јагоди на вашиот организам ќе му даде околу 150 проценти од потребниот дневен внес на витамин Ц. Витаминот Ц е есенцијален во битката со инфекции, настинки и грип. Витаминот Ц исто така е и голем антиоксидант, кој ги неутрализира природните радикали што ја оштетуваат здравата ДНК.
2. Го намалуваат крвниот притисок
Како одличен извор на калиум, јагодите помагаат за намалување на високиот крвен притисок. Доколку се борите со хипертензија и имате кардиоваскуларни болести како последица на тоа, исхрана богата со калиум може да ви помогне во намалување на ризикот што би можел да настане од овие заболувања.
3. Ги намалуваат симптомите од артритис
Слободните радикали се штетни за мускулите и ткивото во човековото тело. Тие имаат штетно влијание врз нив и предизвикуваат артритис и големи болки поради тоа. Антиоксидантите во јагодите ќе ви помогнат во детоксикацијата на вашето тело и ќе ги намалат воспаленијата.
4. Штитат од рак
Специјалните состојки што ги има во јагодите, наречени флавоноиди, имаат моќ да се борат со канцерот и оксидативниот стрес. Овие состојки придонесуваат за намалување на можностите за развој на канцер и тумор во телото.
5. Го чуваат видот
Присуството на флавоноиди, елагична киселина и фенолни фитохемикалии кај јагодите, го намалува ризикот од проблеми со видот поврзани со возраста. Овие антиоксидантни соединенија ги отстрануваат и ги елиминираат слободните радикали, спречувајќи ги да ги оштетат здравите структури на очите.
6. Го регулираат шеќерот во крвта
Јагодите имаат релативно низок гликемичен индекс, што значи не предизвикуваат екстремно влијание на шеќерот во крвта. Диететските влакна што ги има во јагодите, исто така, помагаат да се регулира гликозата. Вклучувајќи ги јагодите како дел од урамнотежената исхрана може да се намали ризикот од дијабетес или постојните симптоми на дијабетес.
7. Го намалуваат ризикот од мозочен удар
Изобилството антиоксиданти кај јагодите нудат заштита од мозочен удар преку спречување на формирање згрутчување на крвта. Покрај тоа, калиумот во јагодите дејствува на подобрување на протокот на крв во мозокот, намалувајќи го ризикот од мозочен удар.
8. Го подобруваат расположението
Овие светлоцрвени плодови, исто така, имаат големо влијание на вашето емоционално и ментално функционирање. Семето на јагодите содржи омега 3 масни киселини и алфалиноленска киселина, за кои науката докажа дека го подобруваат расположението.
9. Ги намалуваат симптомите предизвикани од алергии
Бидејќи јагодите даваат имунолошки и антивоспалителни компоненти со кои му нудат потпора на вашиот организам, тие се одлично оружје против алергии. Јагодите содржат специјален антиалергиски флавоноид наречен фисетин, кој им помага на имуните клетки на телото да ги контролираат воспалителните реакции на алергените.
10. Ја подобруваат виталноста на кожата
Витаминот Ц во јагодите се користи од страна на телото за производство на колаген, протеин од суштинско значење за здравјето на кожата. Здравото снабдување со колаген помага кожата да остане мека, а исто така и ги поправа оштетените клетки на кожата. Покрај тоа, витаминот Ц служи како борец со слободните радикали, со што помага и во борбата со ракот на кожата и предвременото стареење.