Добри вести за љубителите на црешите! Ова е едно од најздравите овошја
што може да ги консумирате!

Сѐ уште сме во сезоната на црешите. Тие се прекрасни и вкусни, но се поставува прашањето колку се добри за вашето здравје. Црешите се едно од најздравите овошја на светот. Тие се рангираат и како едно од најдобрите и најздрави заштитни овошја. Една чинија, или околу 21 цреша, содржат помалку од 100 калории и 15 проценти од дневната препорачана доза на витамин Ц. Дополнително, ќе наброиме седум причини поради кои треба да консумирате цреши кога ги има.

1. Полни се со антиоксиданти

Црешите се голем извор на антиоксиданти и антивоспалителни состојки. Тие ги забавуваат стареењето, развојот на хроничните болести, вклучувајќи ги и срцевите заболувања, канцерот, Алцхајмеровата болест, дијабетесот и дебелината.

2. Штитат од дијабетес

Нивната антивоспалителна моќ му помага на телото да го одржува своето здравје. Црешите се едно од овошјата со најниско ниво на гликоза. Тоа значи дека не го покачуваат нивото на инсулин во организмот. Со тоа, тие се чувар на организмот од дијабетес.

3. Придонесуваат за здраво спиење

Црешите се полни со мелатонин, хормон што помага во контролата на спиењето. Една направена студија на мажи и на жени, кои имале проблем со несоница, покажува дека оние што консумирале цреши два часа пред да легнат да спијат, добиле зголемување на времето за спиење за еден час.

4. Помагаат во ослободувањето од артритис

Неколку студии покажуваат дека консумирањето цреши е одлично за луѓето што патат од остеопороза. Внесувањето цреши или сок од цреши помага во намалувањето на болката при артритис и остеопороза.

5. Го намалуваат ризикот од воспалителен артритис

Повеќе од осум милиони возрасни во САД страдаат од воспалителен артритис. Заболените што консумирале цреши два дена добиле 35 проценти помалку болни напади од оние што не консумирале.

6. Го сузбиваат холестеролот

Истражувањата покажуваат дека јадењето или пиењето сок од цреши помага во намалувањето на холестеролот, особено лошиот познат како ЛДЛ-холестерол. Високото ниво на холестерол се поврзува со срцеви заболувања, а намалувањето помага во намалувањето на срцевите болести.
Ја намалуваат болката по вежбање.

7. Ги опуштаат мускулите

Црешите ја намалуваат болката по вежбање, ги опуштаат мускулите. Помагаат и во оздравувањето на мускулната маса. Сите што вежбаат е пожелно да консумираат цреши или стопроцентен сок од нив.


Како да ги максимизирате бенефициите?

Нема ништо подобро од консумирање една чинија цреши. Но тоа не е единствен начин да добиете нутритивни придобивки од нив. Сега веќе има и замрзнати цреши, сок од цреши, секако, кога не им е сезоната. Во сезона, секогаш е најдобро да се консумираат свежи.

[email protected]