Германскиот вицепрвак првак Кил, романскиот првак Динамо и шпанскиот вицепрвак Бидасоа Ирун се единствените без пораз по шест кола во ракометната Лига на шампионите (ЛШ). Кил и Бидасоа имаат по едно реми, а Динамо двапати одигра нерешено.
Според статистичките податоци, по шесте кола најмладиот тим сезонава Савехов ја има најефикасната бековска линија со 112 погодоци. На делба на втората позиција со по 107 гола се Веспрем и Динамо, а најмалку голови од бековската линија во досегашниот тек од сезоната има Киелце со 63 гола (од тоа 31 Алекс Душебаев). Најефикасен меѓу бековите и најдобар стрелец по шесте кола е левиот бек на Еурофарм Владислав Остроушко со 40 погодоци.
Вардар ги има најефикасните крила во ЛШ, со 84 гола. Втора на оваа листа е Барселона со 79 погодоци, а трет е ГОГ со 65 гола. Со ефект од 32 гола Целје е тимот со најслаба реализација од крилните позиции. Десното крило на Сегед, Богдан Радивојевиќ со 39 реализации е најефикасното крило сезонава.
Најефикасни од линијата од шест метри се пикерите на Порто, кои во изминатите шест меча реализирале 46 погодоци, потоа следува Киелце со 45, а трет е Кил со 44 гола од шест метри. Татран ја има најнеефикасната пикерска линија со ефект од 10 гола на шест меча. Бенче Банхид од Сегед, со 27 гола, е најефикасниот пикер по шесте кола сезонава во ЛШ.