Некогаш било незамисливо да се зборува за далечини од над 160 метри, а денеска искусни рибари успешно и континуирано ловат риби на далечини и поголеми од 180 метри

Во риболовот на поголеми далечини многу е подобро да се користи мек конец со помал дијаметар, оти овозможува брзо минување низ водилката на рибарскиот стап што, пак, овозможува подалечно исфрлање, а со својата мекост го амортизира и напорот при самото замавнување.
За ваква потреба нема логика да се користат дебели конци од 0,35 мм (што, пак, без проблем ќе овозможи исфрлање над 100 метри), освен ако се лови во нечист терен во кој има грмушки, трски и слично, па рибарот е принуден да користи малку подебел конец.

Може да се лови и со многу потенок конец, кој се користи за екстремни далечини, но со задолжителна употреба на т.н. шок-водич, односно обичен конец, но со посилна издржливост од онаа на рибарскиот стап.
Некогаш било незамисливо да се зборува за далечини од над 160 метри, а денеска искусни рибари успешно и континуирано ловат риби на далечини и поголеми од 180 метри.
Исто така, многу е значајно да се знае дека е потребно наменските тенки рибарски конци (за подалечно исфрлање) да се растегнуваат и до 10 отсто повеќе од основата, а со самото тоа ќе има поголема можност да се забијат во некои подводни грмушки.
Проблем за растегнувањето на конецот е и намалениот контакт, па понекогаш се случува и мошне внимателната риба крап да се закачи на јадицата, а рибарот да не добие никаков знак од сигнализаторот.

Рибата ќе ја земе мамката, ќе се закачи, но се случува поединечни риби во тие мигови целосно да се смират и со умешни маневри во место, да удираат со главите додека не се ослободат од јадицата.
Ако рибарот, пак, лови таму каде што има многу пречки како што се трупците, разни потопени гранки и трева, тогаш најдобро е да се користат малку подебели и појаки конци отпорни на кинење и триење.
Ваквите конци претежно се крути, но со голем капацитет. Но кога веќе наведовме дека конецот е крут, пожелно е да се каже дека тие и не се добри ниту за далечни фрлања.
Тешкиот риболов бара и поголеми пречници, кои некогаш се и над 0,50 мм, додека дополнително се засилуваат со употребата на ловечкиот водич.


Дивата свиња – симбол на богатство, плодност, среќа

Кинезите веруваат дека дивата свиња е благородно животно, кое го почитуваат и ценат, а пред сѐ оти е симбол на богатство, плодност и среќа на сите полиња во животот.
Факт е дека денес дивата свиња може да нѐ научи на многу корисни работи. Со својата самоувереност и амбициозност, дивата свиња јасно ја презентира симболиката на сила и заштита, а истовремено испраќа порака дека во животот е многу значајно да го разликуваме вредното од помалку вредното.
Се верува дека дивата свиња е животно што ги почитува своите активности, но, исто така, знае и како да ужива во природата и да си помогне себеси. Токму затоа понекогаш треба и човекот да ужива и во нејзиното движење во природата, а не по секоја цена да се лови.


И дроновите во служба на ловот

Германија е чекор пред другите држави, бидејќи користи дронови во ловењето, поточно за заштита на дивите животни во ловните терени. Многу германски региони сѐ повеќе ги применуваат овие беспилотни летала, за во времето на жетвата и косењето на многубројните ливади, да си го заштитат својот дивеч.
Употребата на дроновите им овозможува да гледаат од воздух каде се наоѓаат и каде се движат дивите животни и на тој начин можат навремено да реагираат ако се јави потреба. Оваа техника за заштита на дивите животни, како и самата технологија на употреба на дронови, почнала да се применува уште поодамна, поточно во 2012 година. Денес овој метод покрај Германија, го применуваат и многу други држави од Европската Унија (ЕУ).