Промоција на книгата поезија „Небо во кафез“ од Долорес Атанасова-Лори ќе се одржи денеска, во 18.30 часот, во фоајето на киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар. Театарот „Сенки и облаци“ со својата магија на сенки и бои ќе претстави дел од поезијата што ќе ја читаат: Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска, Верица Недеска и Долорес Атанасова-Лори. Музиката е на Горан Атанасов.
– „Небо во кафез“ како возрасно дете буричка по светот околу себе, го отсокрива, го препокрива, покажува на работи очигледни, а заборавени, или заматени од премногу зашербетена лага, и гласно кажува царот во нас е гол! – вели за книгата Ѓоко Здравески.