Денеска во „Салон 19:19“, во Културно-информативниот центар во Скопје, во 12 часот, ќе биде промовирана книгaта „Мозаикот на Деби Му“ од Жаклина Мучева.
Инаку, ова е втора книга на новинарката Жаклина Мучева и станува збор за книжевно дело посветено на децата или како што ќе рече авторката за нејзината најдрага публика.
– Читањето е здравје. Бидете здрави и весели и дојдете на промоцијата на мојата втора книга создадена за мојата најдрага публика – децата – вели Мучева.
Зад преубавите илустрации во книгата се потпишува Ивана Горичан.
Книгата ќе ја промовира м-р Татјана Гогоска, а модераторка на настанот е Елена Максимовска.