Шпаркасе банка и „Пакомак“ во октомври го организираа екоконкурсот „Штеди, креирај, победи“.

 

Пристигнаа многу убави творби направени од материјали што може да се реупотребат или рециклираат. Пристигнаа и неколку екопесни и цртежи поврзани со екологијата.
Првото место го освои Хатиџе Салиева со своето „Жапче“. Втора е Габриела Андова со „Мињон“, а третото место е за Дамјан Стефанов и за неговата „Среќна желка“.


Дамјан и Габриела дојдоа во емисијата на Ивце Пивце „Горе-долу, сите сме еднакви“ и си ги подигнаа подароците.

Хатиџе од оправдани причини беше отсутна, но вети дека ќе дојде наредната недела.
Организаторите велат дека се презадоволни од одзивот и особено од позитивниот пристап на децата кон заштитата на животната средина.
Токму затоа, ветија дека и во иднина ќе организираат вакви конкурси. И.М.