Оваа година првпат ќе се одржи избор на „Мажи на годината“ во Македонија. Настанот ќе се одржи на 28 ноември (средa), во „Тренд гастро-бар“, а целта е да се наградат успешните мажи кај нас, но и да се мотивираат во иднина за успех, како на личен план, така и на професионален.
– Ќе ги наградиме најуспешните мажи кај нас во десетина категории, за да ги препознаеме трудот, работата и активностите, а на најуспешните од нив да им дадеме признание, кое ќе претставува поттик во иднина за секого од нив. Знаејќи дека токму ноември е месецот за поддршка на машкото здравје, оваа манифестација има за цел да прерасне во традиција секоја година – велат организаторите.
Идејата за реализација и организација на еден ваков проект е на единствениот онлајн-машки магазин кај нас „Фрајдеј.мк“ (Friday.mk) и на агенцијата за организација на настани „Моментум.инк“ (Momentum INC), а е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија и е препознаен од голем број компании што го поддржаа изборот за маж на годината.