Британскиот новинар Роберт Фиск ја посети болницата во Дума, во која беше направена снимка со жртви на хемиски напад. САД, Британија и Франција решија да ја бомбардираат Сирија како одговор за наводниот хемиски напад што го извршил Асад. Лекар од болницата на Фиск му тврди дека снимката е автентична, но дека лицата не се жртви на хемиско оружје
Роберт Фиск
Ова е приказна за градот наречен Дума, опустошеното и смрдливо место со разурнати згради и подземна болница што поради сликите на страдање во неа, три од најмоќните држави во светот неодамна решија да ја бомбардираат Сирија. Во болницата дури има и еден пријателски расположен доктор во зелен мантил, кој, кога го најдов, весело ми раскажа дека снимката со „гасот“ што го потресе светот, наспроти сите сомнежи, е совршено автентична.
Меѓутоа, воените приказни честопати се пострашни. Педесет и осумгодишниот сириски доктор сподели и еден многу неудобен детаљ, а тоа е дека пациентите не биле изложени на некаков гас, туку дека страдале од недостиг од кислород во тунелите и подрумите преполни со ѓубре, каде што живееле, и дека конкретната ноќ се создала бура од прашина поради силното бомбардирање и ветерот.
Во необичната изјава на докторот Асим Рахајбани, за кого треба да се истакне дека самиот признава оти не е директен сведок и покрај тоа што добро зборува англиски јазик, тој двапати ги нарече џихадистичките напаѓачи на Џаиш ел Ислам (Исламистичка армија) „терористи“ во Дума, зборот што режимот го користи за неговите непријатели и воедно го користат многумина во Сирија. Дали добро разбрав? Во која верзија од настаните треба да веруваме?
За несреќа, докторите што беа на должност таа ноќ на 7 април беа во Дамаск да ги дадат своите изјави во испитувањето за хемиското оружје, кое ќе даде конечен одговор на тоа прашање во наредните неколку недели.
Во меѓувреме, Франција изјави дека има „докази“ дека се користело хемиско оружје, а американските медиуми цитираа извори што тврдат дека ова било потврдено во анализите на крв и урина. Светската здравствена организација (СЗО) порача дека нејзините партнери на теренот им укажале помош на 500 пациенти „ што покажувале знаци и симптоми дека биле постојано изложени на отровни хемикалии“.
Истовремено, инспекторите од Организацијата за забрана на хемиските оружја (ОПКВ) имаат проблеми да пристигнат на местото на наводниот напад со гас, наводно поради напади и зашто немале соодветни дозволи на ОН.
Пред да продолжиме со приказната, читателите треба да знаат дека ова не е единствената приказна во Дума. Разговарав со многумина од разурнатиот град, кои рекоа дека „не веруваат “ во приказните за нападите со гас, кои обично, според нив, ги ширеле вооружените исламистички групи. Токму овие џихадисти преживеале силни бомбардирања, криејќи се во туѓи домови и во големите тунели поврзани со подземни патишта пробиени во карпите од страна на затворениците со помош на казми на три нивоа под градот. Неодамна разгледав три од големите коридори низ карпите во кои сè уште имаше руски, точно руски, ракети и изгорени автомобили.
Приказната за Дума не е само приказна за напади со или без гас. Тука станува збор за илјадници лица што не се евакуирале со автобуси во Дума и живееле заедно со напаѓачите како пештерски луѓе со месеци за да преживеат. Прошетав низ градот доста слободно, без да ме следат војници, полицајци или телохранители, туку само со двајца сириски пријатели, фотоапарат и со тетратка. Понекогаш морав да се прекачувам преку високи ѕидишта. Граѓаните беа среќни што гледаат странци меѓу нив, среќни што опсадата конечно завршила, па и повеќето беа насмеани, барем оние чии лица успеав да ги видам, затоа што изненадувачки голем број жени во Дума носат целосен црн хиџаб.
Првпат пристигнав во Дума како дел од придружниот конвој со новинари. Но кога здодевниот генерал бирократски изјави пред разурнатата општинска зграда дека „нема информации“, решив да си заминам. Истото тоа го сторија и други новинари, од кои повеќето беа сириски. Дури си замина една група руски новинари, сите облечени во војничка униформа.
Докторот Рахајбани беше во близина. Од вратата на неговата подземна болница, наречена „Точка 200“, во чудната геологија во овој делумно подземен град, има еден ходник што води надолу кон една ниска просторија со неколку кревети и имаше едно девојче што плачеше додека медицинските сестри му ја третираа раната над окото.
Тоа раскажа дека заедно со своето семејство се криело во подрумот на куќата што се наоѓа на 300 метри од болницата ноќта на нападот, но сите доктори знаеја што се случувало. Имало силно бомбардирање (од страна на владините сили) и цела ноќ прелетувале авиони над Дума, но истовремено дувал силен ветер и огромни облаци од прашина почнале да навлегуваат во подрумите и скривниците каде што живееле луѓето. Потоа во болницата почнале да пристигнуваат луѓе со симптоми на недостиг од кислород. Потоа некој што стоел кај вратата, припадник на „Белите шлемови“, извикал „Гас!“ и настанала паника. Луѓето почнале да се мијат со вода. Точно, видеоснимката била направена тука и е автентична, но луѓето страдале од недостиг од кислород, поточно хипоксија, а не од труење со гас.
Чудно беше тоа што откако разговарав со повеќе од 20 лица, не дознав од никого зошто Дума беше причината за воздушните напади на западните сили. Двајца дури и ми рекоа дека не знаеле за поврзаноста.
Но дознав многу чудни работи. Двајца мажи, Хусам и Насир Абу Ајше, рекоа дека не знаат колку луѓе загинале во Дума, иако вториот призна дека негов братучед „бил егзекутиран од страна на Џаиш ал ислам (Исламската армија) зашто наводно бил близок со режимот“. Но тие не знаеја за 43 лица што наводно загинале во страшниот напад во Дума.
„Белите шлемови“, медицинските спасувачи што веќе станаа легендарни на Западот, но наедно имаат и свои мрачни тајни, одиграа добропозната улога за време на битките. Тие се делумно финансирани од страна на британското министерство за одбрана и во повеќето од локалните канцеларии се вработени граѓани на Дума. Дознав дека нивните разурнати канцеларии се во близината на болницата на д-р Рахајбани. Гас-маска беше оставена пред еден контејнер за храна со скршен визир и еден куп валкани воени маскирни униформи беа оставени во една соба. Помислив дека се подметнати, но веројатно не беше така. Местото беше полно со чаури, искршена медицинска опрема, досиеја, постелнина и со душеци.
Секако, мораме да ја слушнеме и нивната страна од приказната, но тоа нема да се случи. Една жена раскажа дека сите членови на „Белите шлемови“ во Дума го напуштиле нивното седиште и заминале со автобусите организирани од Владата и под заштита на Русите до бунтовничката провинција Идлиб, со вооружените групи, кога беше постигнато последното примирје.
Беа отворени тезги со храна и имаше патроли со руски воени полицајци, кои сега се задолжителни со секој прекин на огнот во Сирија, и никој не упадна во забранетиот исламистички затвор во близината на Плоштадот на мачениците, каде што наводно жртви биле обезглавени во подрумите. Објектот на сириската полиција на Министерството за внатрешни работи, чии припадници носат воена униформа, е под надзор на Русите, кои можеби се или не се надгледувани од граѓаните. Луѓето што ги прашав за нападот со гас повторно беа збунети.
Како тогаш бегалците од Дума, кои пристигнаа во турските кампови, зборуваа за напад со гас за кој никој во Дума не знае дека се случил? Потоа се сетив кога шетав низ тунелите полни со затвореници дека граѓаните на Дума толку долго живееја изолирани едни од други што она што за нас беа „вести“, за нив всушност немаше такво значење. Сирија не е Џеферсонова демократија, како што јас цинички им велам на моите арапски колеги, туку е безмилосна диктатура, но тоа не ги спречува овие луѓе, кои се среќни кога гледаат странци, да ја кажат вистината. Тогаш за што ми раскажуваа?
Тие раскажуваа за исламистите под чија контрола живееја. Зборуваа за тоа како вооружените групи им ги присвојувале домовите на обичните граѓани за да ги избегнат нападите од сириската влада и бомбардирањето на Русите. Џаиш ел ислам им ги запалил канцелариите пред да си заминат, но големите згради во безбедносните зони речиси се срамнети до земја од воздушните напади. Ме сретна еден сириски полковник зад една од зградите и ме праша дали сакам да знам колку се длабоки тунелите. Откако поминавме неколку километри, тој одговори дека „тој тунел можел да стигне до Британија“. Тогаш се сетив на британската премиерка Тереза Меј, чии напади беа тесно поврзани со овие тунели и прашината. А што стана со гасот?