Речиси секој филм може да биде базиран на вистинска приказна, но има и такви што одбираат реални настани и ги претвораат во филмски ремек-дела. Без разлика дали станува збор за филм што открива што се случува во кралските семејства или ги прикажува најтемните моменти на историјата, овие филмови ги земаат сите факти и ги преобразуваат во инспиративни приказни.

Говорот на кралот (2010)
Овој филм има добиено „оскар“ за најдобар филм, исто така му донесе титула и на Колин Фирт за најдобар актер за изведба на комплексниот портрет на кралот Џорџ Шести. За да се ослободи од тремата при јавно говорење, кралот посетува неконвенционален терапевт за говор, Лајонел Лож (Џефри Раш).

Моја Африка (1985)
Врз основа на мемоарите на бароницата Карен вон Бликсен (исто така позната како Исак Динесен), филмот ја раскажува приказната за данскиот аристократ што купува плантажа за кафе во Кенија, каде што бароницата (Мерил Стрип) се вљубува во американски ловец на големи игри, кого го игра Роберт Редфорд

Реј (2004)
Врз основа на животот на музичката легенда Реј Чарлс, филмот го следи патот на Чарлс во музичката индустрија, надминувајќи ги расизмот и дискриминацијата против неговото слепило за да стане хит. Но нема слава без нејзините недостатоци и Чарлс мора да се соочи со свои демони за да не изгори пред своето време.

Фати ме ако можеш
(2002)
„Фати ме ако можеш“ е американски филм, во режија на Стивен Спилберг.
Седумнаесетгодишниот Френк Абегнејл Џуниор (Лоенкардо ди Каприо) стана најуспешен измамник во САД. Гледајќи ги финансиските проблеми на својот татко, Френк се впушта во серија измами. Откако го апсат, тој му помага на детективот да фати еден фалсификатор на чекови и оттогаш работи за полицијата.

Сибисквит (2003)
Ова е вистинска приказна за поранешниот велосипедист, милионерот Чарлс Хауарду (Бриџж), кој имал еден мал коњ наречен Сибисквит. Чарлс работи заедно со поранешен боксерски шампион, кој станува Џокеј, како и со тренер за коњи. Тие тројца ќе се здружат за да го направат шампион Сибисквит.

Скриени фигури (2016)
Кетрин Џонсон, Дороти Вон и Марија Џексон работат како човечки компјутери во НАСА во 1960-тите, играјќи витална улога и претходно нечуена улога. Во напорите да испратат астронаути во вселената, тие успеваат да се изборат во систематската расна и полова дискриминација.

Линколн (2012)
Фокусиран на последниот период на животот на Абрахам Линколн, додека тој се обидува да раководи со една нација растргната од Граѓанската војна и да обезбеди усвојување на 13-от амандман со кој ќе се забрани ропството.

Елизабета (1998)
Една од најпознатите иконски кралици на сите времиња служи како предмет на оваа историска драма. Кејт Бланшет ја доби номинацијата за „оскар“за најдобра актерка за нејзината изведба како Елизабета Прва. Опфатени се целиот нејзин живот и нејзината сопствена железна волја.

Спотлајт (2015)
Филмот се базира на вистински настани и раскажува за сексуалните малтретирања на католички свештеници во Бостон. „Спотлајт“ ги следи новинарските истражувања на еден тим, кој разоткрива злоупотреба на деца од свештеници.

Шиндлеровата листа
(1993)
Филмот ја раскажува приказната за Оскар Шиндлер, германски бизнисмен што спасил повеќе од илјада полски Евреи за време на холокаустот во Втората светска војна. Базиран е на романот „Шиндлеровата арка“ од Томас Кенели.