Претставниците на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации на седницата за Косово изнесоа различни ставови за решавањето на косовското прашање и за потребата за продолжување на мандатот на УНМИК. Додека дипломатите на САД и Британија ги повикаа Приштина и Белград да ги отстранат пречките за продолжување на дијалогот за нормализација на односите, претставниците на Русија и на Кина повторија дека решението треба да се бара во резолуцијата на Советот за безбедност 1244 од 10 јуни 1999 година. Американскиот дипломат оцени дека целите на оваа резолуција се остварени и оти УНМИК треба да се укине или реформира.
Mинистерот за надворешни работи Ивица Дачиќ во седиштето на Обединетите нации на расправата за Косово имаше вербален дуел со амбасадорката на Косово во САД, Вљора Читаку, за правата на Албанците и на Србите во некогашната српска покраина.
Во еден момент Дачиќ проговори на српски и на амбасадорката ѝ го извади српското државјанство и ја запраша зошто не бара да биде отпишана од државјанин на Србија.