На неодамнешното 71. доделување на наградите „еми“ за најдобри телевизиски остварувања што се одржа во Лос Анџелес, САД, за најдобра драма беше прогласена серијата „Игри на престолот“, која имаше дури 32 номинации.
За најдобра комедија беше прогласена серијата „Скитник“, најдобар глумец во комедија е Бил Хедер, а глумица – Фиби Волер-Бриџ. Најдобар глумец во драмска серија е Били Портер, а актерка Џоди Комер. Најдобра споредна глумица во драмска серија е младата Џулија Гарнер (Озарк), додека во машка категорија „еми“ по четврти пат доби Питер Динклиџ, Тирон од „Игри на престолот“. Најдобра мини-серија е „Чернобил“.
Освен фактот што „Престолите“ годинава добија две награди „еми“, обожавателите на Интернет беа особено разочарани и поради некои други детали што го обележија настанот. Имаше забелешки дека овој пат се наградени малку црномурни актери, а иако годинава се одбележува 25-ти роденден, сепак не се собра целата екипа на „Пријатели“ на бината, заедно да ја доделат наградата за најдобра комедија, како што се шпекулираше. Еден од куриозитетите на вечерта беше доделувањето на наградата на Били Портер, кој е првиот геј-црнец што ја добил статуетката, а тој на публиката во својот препознатлив манир ѝ порача: „Категоријата е љубов, сите вие сте љубов“.
Инаку, церемонијата првпат од 2003 година немаше официјален домаќин.