Вечерва на сцената на МОБ ќе се одржи оперски гала-концерт посветен на безвременските композитори Џакомо Пучини, по повод 160 години од неговото раѓање и Џоакино Росини, по повод 150 години од неговата смрт. На концертот ќе бидат изведени композиции од нивните ремек-дела „Италијанка во Алжир“, „Пепелашка“, „Севилскиот берберин“ од Росини, како и дела од оперите „Манон Леско“, „Тоска“, „Турандот“ од Пучини.
Диригенти на овој несекојдневен настан се: Рафаеле Масколо (Италија) и нашата Бисера Чадловска, додека како гостин-солист е сопранот од Русија, Елена Баканова, како и првенците од Македонската опера и балет.
Синоќа МОБ беше домаќин на Националниот театар од Сараево, кој ја изведе својата најнова опера „Змејот од Босна“. Приказната за Хусеин Градашчевиќ, кој поради своите решителни ставови и херојската борба против Отоманската Империја бил наречен „Змеј од Босна“, ја пренесоа Сараевската филхармонија и солистите Иван Шариќ, Леонардо Шариќ, Катарина Кикиќ, Адема Пљевљак-Крехиќ…