Во издание на „Македонски печат“ деновиве излезе од печат новата книга „Македонија распетие и вознес“ на Ставре Џиков. Рецензенти на книгата се Митко Маџунков, Тодор Чепреганов и Марјан Ивановски. Станува збор за историски летопис за нашето име Македонија и борбата за неговото зачувување.
– Распетието се извршува веќе 27 години пред сѐ од домашните, а стимулирано од надворешните фактори. Тоа распетие се извршува на етнички, културен, духовен и економски план. Авторот Џиков преку своите написи им говори на македонскиот народ и на политичарите дека постои вознес-излез од сегашнава состојба на распетие, а тоа е силата на правото – вели Ивановски.
Ставре Џиков е познат македонски правник, адвокат, поранешен судија и државен јавен обвинител на Република Македонија, публицист и автор на повеќе книги.