ВЕЛЕС

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, ја информира јавноста за инвестициите во јавното комунално претпријатие „Дервен“. Во изминатите неполни четири години во комуналното претпријатие се инвестирани околу 91.000.000 денари, односно околу 1,5 милион евра за подобрување на возниот парк и механизацијата.
Коцевски ја потенцира набавката на возилата за цврст комунален отпад, набавката на скада-системот односно компресорот за фабриката за вода, опремата за откривање дефекти и нелегални приклучоци на системот за водоснабдување, опремата за микробиолошката лабораторија, возилото за подигнување на подземните контејнери, цистерната, генераторот за производство на озон во третманот на водата за пиење, двата нови трактори преку проектот со Хабитат и Шуто Оризари.
Моментално се очекува возниот парк на претпријатието да се зголеми со уште две помали возила за собирање цврст комунален отпад.
– Горд сум на тоа што успеавме да го направиме во ЈКП „Дервен“ и се надевам дека со сево ова што го правиме ќе го подобриме квалитетот и на водоснабдувањето и на услугите што претпријатието им ги дава на граѓанките и граѓаните на Велес – рече Коцевски.