Објавен е првиот трејлер за претстојната премиера на музичката комедија „Како да разговараш со девојки на забави“. Режисерот Џон Камерон Мичел успеа во своето ново остварување да собере извонредна актерска екипа. Во овoj забавен филм ќе ги видиме: Ел Фенинг, Никол Кидман, Рут Вилсон, Стивен Кембел Мор, Мет Лукас и многу други. Инаку, сценариото за филмот Мичел го пишуваше заедно со Филип Гослет.
Дејството почнува кога еден вонземјанин, во текот на обиколка на галаксијата ќе се одвои од својата група и ќе заврши на Земјата. Тој запознава двајца млади во лондонското предградие Кројдон и тука почнуваат нивните авантури. Почетокот на прикажувањето на филмот во американските кина е закажан за 18 мај, а пред тоа ќе се одржи британската премиера.