Најмногубројна публика за средба на фудбалската репрезентација на Македонија имаше на мечот со Англија (0-0) во 2006 година во Манчестер, на стадионот „Олд трафорд“, каде што имаше 72.062 гледачи (150 помалку од тогашниот вкупен капацитет на стадионот). Македонија играла и пред 60.000 гледачи, со Јамајка во Техеран (1998 година, победа со 2-1), потоа пред 50.214 со Шкотска во Глазгов (2010-та, пораз 0-2) и пред 50.000 со Холандија во Амстердам (2005-та, реми 0-0).
На домашен терен рекордна посета е веројатно за мечот со Хрватска во 2012 година во Скопје, кога речиси целиот стадион (капацитет 33.400) беше пополнет. Рекордно мал број гледачи, пак, имаше на дуелот со Белгија во 1995 година, но тоа беше меч што се одигра без публика поради казна од УЕФА. Веројатно најмалку гледачи имало на неколку средби, главно на неутрален терен, кога имало по неколку десетини гледачи. Досега дома Македонија ја гледале над еден милион гледачи, а на гости повеќе од 1,5 милион.