Здрава храна
Вклучувањето на овошјето во вашата секојдневна исхрана е лесен и ефикасен начин да го одржите вашиот дигестивен тракт во добра состојба.
Само 125 гр малини содржат осум грама влакна, што е речиси една третина од влакната што им се потребни на повеќето од нас во текот на денот. Покрај тоа, малините имаат помалку шеќер од повеќето овошја. Тие се одличен избор за секој што го следи нивото на шеќер во крвта, како и за оние што сакаат да го согорат вишокот маснотии.
Јаболката содржат пектин, за кој е докажано дека го подобрува варењето поради неговата растворлива природа и способност да се врзува за холестеролот или токсините во телото. Смоквите се богати со антиоксиданси, кои штитат од оштетување на клетките и се борат против формирањето патогени слободни радикали во телото. Тие се богати со витамин А, Ц, К и калиум. Сувите сливи се едни од најпознатите овошни производи за подобрување на варењето поради природниот лаксативен ефект. Содржат големо количество растворливи и нерастворливи влакна. Бананите имаат околу три-четири грама влакна. Тие исто така обезбедуваат здрава доза пробиотици, кои се користат како брз извор на гориво за корисни бактерии во цревата.