Маслинките се богати со витамин Е и се едни од најмоќните антиоксиданти. Студиите покажуваат дека тие се одлични за срцето и штитат од остеопороза и канцер. Луѓето најчесто ги консумираат маслинките во салати, сендвичи и сосови. Една просечна маслинка тежи од три до пет грама. Некои маслинки се зелени и стануваат црни кога ќе узреат. Некои пак остануваат зелени.

Јаглехидратите се 4-6 проценти застапени во маслинките, со што ги прават маслинките намирница со ниско ниво на јаглехидрати. Повеќето од овие јаглехидрати се влакна.
Маслинките се одличен извор на витамини и минерали. Богати се со витамин Е, кој е одличен за чистење на организмот бидејќи е моќен антиоксидант. Железото, кое е застапено во црните маслинки, е одлично за црвените крвни зрнца, кои, пак. транспортираат кислород. Бакарот е есенцијален минерал, кој може да го намали ризикот од срцеви болести. Калциумот со кој изобилуваат е одличен за коските, мускулите и за функцијата на нервите.

Кои се здравствените придобивки од маслинките?

Антиоксидантите го намалуваат ризикот од хронични болести како што се срцевите болести и канцерот. Маслинките се моќни антиоксиданти, кои се борат со воспаленијата и го спречуваат растењето на микроорганизмите.

Подобрено срцево здравје

Високиот крвен притисок и холестерол во крвта се ризик-фактори за срцеви болести. Маслинките помагаат во регулирањето на количеството на лошиот ЛДЛ-холестерол, а неодамнешните студии покажале дека маслинките можат да го намалат крвниот притисок.

Подобрено коскено здравје

Остеопорозата се карактеризира со зголемена коскена маса и намален квалитет на коските. Најголем ризик од неа е кршењето на коските. Стапката на заболени од остеопороза е помал во медитеранските земји бидејќи таму најмногу се користат маслиновото масло и маслинките во исхраната.

Превенираат канцер

Маслинките се големи борци против канцерот, а за тоа најдобар пример се лицата што живеат на Медитеранот, каде што е забележано пониско ниво заболени на заболени од оваа болест. Консумирањето маслинки може да ви донесе само здравствени придобивки.


Нутритивни факти
Маслинките содржат 114-145 калории во 100 грама, или, десет маслинки содржат 59 калории. Па, така, 100 грама маслинки содржат:

калории 115;
вода 80 отсто;
протеини 0,8 грама;
јаглехидрати 6,3 грама;
шеќер 0 грама;
влакна 3,2 грама;
масти 10,7 грама, од нив:
заситени 1,42 грам;
монозаситени 7,89 грама и
полизаситени 0,91 грама.

Маслинките содржат 11-15 проценти масти, 74 проценти од нив се олеинска киселина, вид монозаситена маст. Од неа може да имате голем број придобивки, како што е намален ризик од срцеви заболувања, но таа е и добар сојузник во борба против ракот.

[email protected]