Според најновите откритија се чини дека хомосапиенс се развил многу порано отколку што се мислело, напуштајќи ја Африка во повеќе бранови
Израелските археолози пронашле остатоци од речиси 200.000 години стари човечки коски од вилица во планината Кармел, предвидувајќи дека тоа откритие ќе промени сѐ што се знае за еволуцијата. Пронајдените коски, чија старост се движи од 177.000 до 194.000 години, сугерираат дека хомосапиенсот веќе ја напуштил Африка преку Блискиот Исток и го населил остатокот од светот, во време кога според поранешните истражувања се мислеше дека луѓето сѐ уште ги правеле своите први еволуциски чекори околу своето постоење, во Источна Африка.
– Ова е нешто поразлично – вели археологот Мина Еврон од Универзитетот во Хаифи, кој заедно со Универзитетот во Тел Авив ги прави ископувањата. Еврон објаснува дека левата горна коска на вилицата со осум добро сочувани заби била најдена уште во 2002 година во пештерата Мислија, едно од неколкуте праисториски места на планината Кармел покрај Хаифа, на северниот дел од Ирска. На меѓународниот тим од над 30 експерти, вклучувајќи и палеонтолози од Шпанија, Кина и други земји, им биле потребни многу години ја го проучат ова откритие за да утврдат дали возраста е точна, бидејќи било спротивно со сето она што го знаеле за човечката еволуција.
До неодамна повеќето научници се согласуваа дека првиот модерен хомосапиенс првпат се појавил пред 200.000 години во Источна Африка, судејќи според остатоците пронајдени во Етиопија во 1960-тите и 1970-тите години. Според генетското истражување, овие предци од Африка заминале пред 70.000 до 60.000 години, повремено мешајќи се со неандерталците и другите хоминиди додека се ширеле низ светот. Сега се чини дека хомосапиенс се развил многу порано отколку што се мислело, напуштајќи ја Африка во повеќе бранови.
– Оној момент кога велите дека постоел хомосапиенс во Израел пред 170.000 до 200.000 години одеднаш сите делови од сложувалката се поклопуваат – вели професорот Израел Хершковиќ, антрополог од Универзитетот Тел Авив и водечки истражувач. Откритието во пештерата Мислија фрла светло на неколку откритија во последните години, кои веќе укажувале дека треба да се преиспита традиционалното мислење. А тука е вклучено и откритието од минатата година во Џебел Ирхуд во Мароко, кое е идентификувано како ран хомосапиенс од пред 300.000 години, што е околу 100.000 години пред наводните најрани предци од Етиопија.
Истражувачите исто така пронашле 47 човечки заби во една пештера во Кина стари околу 100.000 години, што значи дека хомосапиенсот стигнал до Далечниот Исток десетици илјади години пред наводниот егзодус од Африка. За утврдување на староста на вилиците пронајдени во Израел, научниците користеле три методи и сите дале исти резултати. Археолозите ова откритие го нарекуваат „Мис Лиј“ по пештерата во која оваа вилица е пронајдена, но многу малку се знае за индивидуата на која ѝ припаѓа. Се верува дека станува збор за млада личност чиј пол е непознат, а големината на коската е многу слична со коската на сегашниот човек. И затоа мора да се каже дека тоа е најстариот хомосапиенс.