Фиорентина играла со најмлад тим сезонава во меч од фудбалските првенства на петте најсилни лиги во Европа (Англија, Италија, Франција, Германија и Шпанија), објави Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС).
Фиорентина во првенствен меч настапила со тим со просечна возраст од 23,79 години, а на другата страна на оваа необична листа е Киево, со тим со возраст од 29,5 години.
Од најсилните пет лиги зад Фиорентина се Мајнц (23,93), Ним (24,2), Лајпциг (24,25), Лил (24,3) итн. Но вкупно во Европа, во разгледуваните 31 национално првенство, најмлад тим на теренот за еден меч испратил дански Нордсјеланд, со просечна возраст од 21,36 година. На следните две места се клубови од Хрватска, и тоа Рудеш (22,25) и Истра (22,7). На вкупната листа Фиорентина би била 16-та.
На листата со највозрасните во петте најсилни првенства зад Киево се Парма (29,46), Јувентус (29,26), Вотфорд (29,04), Сент Етјен (28,7) итн, а вкупно, од 31-то првенство во Европа со највозрасен тим настапил Аполон Лимасол (30,93 години во просек), објави ЦИЕС.
На листата на најмлади тимови од петте најсилни лиги во Лигата на шампионите настапуваат само Лион (24,74) и Монако (25,46), а од листата со највозрасни тимови што настапиле сезонава на првенствен меч во елитното натпреварување играат Јувентус, Баерн (28,46), Рома (28,41) и Барселона (28,09).