МВР преку соопштение вчера информира дека актуелното раководство почнало сериозни реформи внатре во Министерството, за расчистување со затекнатата состојба и за враќање на угледот и довербата кај граѓаните. – Актуелното раководство на МВР ги презема неопходните мерки за надминување на состојбите што ги затекна во Министерството, како недостиг од опрема и униформи за полицијата, несоодветна кадровска поставеност односно лица со несоодветно образование на раководни позиции, објекти на полицијата во исклучително лоша состојба, заостанати долгови кон домашни и странски компании, негативни оцени за партизација и политизација – се наведува во соопштението од МВР.
Ставот на раководството на МВР, како што е посочено, е дека само задоволна и мотивирана полиција и вработени можат да ги гарантираат безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните. – Токму затоа се вложува многу за реализација на проекти за подобрување на работните услови. Се набавуваат нови униформи за полициските службеници, се реновираат полициските станици, во тек се постапки за набавка на опрема што ќе им служи на полициските службеници – стои во соопштението на полицијата.