Американскиот актер Мајкл Даглас за своите 50 години на холивудската сцена, доби своја ѕвезда на Патеката на славните, и тоа до онаа на својот легендарен татко Кирк.
Даглас (74) е најпознат по улогата во филмот „Волстрит“ (1987), за која доби и „оскар“, а играше и во околу 60 други филмови. На свеченоста тој се појави во придружба на неговиот 101-годишен татко, сопругата Кетрин Зета Џоунс и колешката од „Кинески синдром“, Џејн Фонда.
– Имав среќа да бидам дел и од класичниот и од современиот Холивуд – изјави Мајкл на настанот.
Тој е и продуцент оскаровец, а статуетката ја доби за филмот „Лет над кукавичиното гнездо“ во 1975 година.