Времето на неговиот лов е многу кратко. Во оние региони каде што е дозволен лов на јазовци, сезоната се отвора во втората половина на август или во почетокот на септември, а се затвора на 30 октомври истата година
Јазовецот најмногу го има во Европа, Средна Азија и на Далечниот Исток. Една од неговите најголеми предности е токму неговата уста, а таа е така градена, заедно со главата, што физички е невозможно да ја исчанчи вилицата, што, пак, му овозможува да има едно од најсилните гризнувања во светот на животните. Оваа карактеристика го прави јазовецот страшен непријател за секое животно што ќе му се најде на неговиот пат.
Времето на неговиот лов е многу кратко. Во оние региони каде што е дозволен лов на јазовци, сезоната се отвора во втората половина на август или во почетокот на септември, а, по правило, се затвора на 30 октомври истата година.
Кога лови јазовец, ловџијата може да оди во кој било дел од денот, но, сепак, најдобро е ноќе, а особено кога има месечина, оти ја зголемува шансата за точност на направените снимки на местото каде што се крие, а и да се бара јазовец при месечина е многу полесно отколку во мрак. Кога ловџијата оди ноќе, тој ќе мора тивко да се доближи до неговата дупка, да му постави стапица и да се скрие во непосредна близина.
Некои ловџии што со себе немаат четириножни придружници, како што се токму кучињата-јазовичари, се стремат кон друг начин на ловење на овие животни, односно се служат со поставување разни стапици, што понекогаш е и попродуктивно отколку употребата на огнено оружје. Стапиците обично треба да бидат цврсти, со квалитетна рамка, и да бидат издржливи на поголеми оштетувања. Притоа тие треба внимателно да се маскираат со лисја и да се врзани со синџир или жица за некое поголемо стебло. Овие стапици подобро функционираат на оние патишта каде што веќе се движеле јазовците.
Бидејќи на јазовецот едно од омилените јадења му е месото, мамката може да биде поставена во внатрешноста на стапицата и недалеку од неговата дупка. Ловот на јазовецот со помош на стапица се смета за еден од најпростите начини да се фати ова диво животно.
Риболов со голи раце!
Тие што ја користат оваа техника најчесто ја имаат научено од своите предци или
родители, а рибите ги ловат во потоците, реките и во езерата
Ловот на риби на традиционален начин, со раце, отсекогаш предизвикувал и ќе предизвикува чудење и неверување кај луѓето. Денес, и покрај развојот на риболовната техника и технологија, рибите уште се ловат на традиционален начин – само со раце.
Тие што ја користат оваа техника најчесто ја имаат научено од своите постари предци или родители, а рибите ги ловат во потоците, реките и во езерата. Притоа, рибите што ќе се фатат со раце се ставаат во мрежа или, пак, кошница направена од жици, која потоа од водата се извлекува на брегот.
Љубителите на ваквиот невообичаен начин на ловење риби, кои и ги нема многу, не користат риболовна опрема, туку само го применуваат знаењето што го стекнале во текот на ловењето, како и советите што им ги пренеле поискусните рибари.
Но пред да се нурне во вода, потребно е рибарот да најде подрачје што е богато со риби, за да не биде трудот залуден. Ваквиот начин, иако е тежок, сепак, за овие рибари претставува поголемо задоволство, отколку ловењето со помош на рибарски стап или со друг вид риболовна опрема. Се разбира дека на овој начин, кој е многу потежок од современиот, потешко се доаѓа до посакуваниот плен, особено ако се работи за риби тешки и до 10 кг, а кои се кријат околу корењата на дрвјата или, пак, разните видови растенија.
Најголема опасност при ваквиот начин на риболов, поради фактот што се плива под површината на водата, е облеката на рибарот да не се закачи на некој од подводните корења на дрвјата или на разни стари предмети, со што ќе се отежне неговото движење во водата. Токму затоа е пожелно при ваков лов да не се оди сам.