Крушата е исклучително здраво есенско овошје, кое може да се најде во стотина различни видови. Jадете почесто круши, бидејќи изобилуваат со хранливи материи, кои прават чудо за нашето тело.

1. Го поттикнува варењето. Крушата е богата со прехранбени влакна, кои благонаклонето дејствуваат на целиот организам, особено на варењето. Таа ја подобрува работата на цревата, па секако консумирајте ја помеѓу оброците.

2. Ги штити срцето. Ова есенско овошје изобилува со флавоноиди, кои нивото на шеќер во крвта го одржуваат стабилно, па нејзиното редовно консумирање се смета за добра превенција за борба против дијабетес тип 2.

3. Го зајакнува имунитетот. Крушата е богата со витамините Б и Ц, добар извор е на железо и калциум, калиум и бакар. Таа го зајакнува имунитетот на телото и ги ублажува процесите во организмот. Во кората се наоѓа моќниот антиоксиданс кверцетин, кој ги спречува разните болести.

4. Спречува проблеми со видот. Морковот не е единствениот плод од природата што спречува проблеми со видот. Крушата е, исто така, заштитник на овој орган и го намалува ризикот од макуларна дегенерација.

5. Помага во слабеењето. Во 100 г круша се наоѓаат околу 80 калории, па таа припаѓа во групата овошја со нешто повисока вредност на калории. Иако станува збор за слатко овошје, умереното консумирање се препорачува и кај луѓето што држат диети или ја одржуваат својата тежина.


Природен пијалак за брзо слабеење

Црниот дроб е еден од најважните органи во нашето тело. Но доколку другите органи се полни со токсини, тогаш функционирањето на црниот дроб станува тешко. Во таа насока, на нашето тело му е тешко да се ослободи од вишокот килограми.
Доколку сакате да ослабете, а истовремено и да го подобрите вашето севкупно здравје, треба да водите грижа за вашиот црн дроб. Овој природен пијалак ќе ги отстрани токсините од вашето тело, но и ќе ви помогне да ги намалите килограмите за само 72 часа.

Потребни состојки:
6 шолји вода
1 шолја целер
1 шолја сечкан магдонос
3 лимони
Начинот на приготвување на овој природен пијалак е многу едноставен. Потребно е само да ги ставите состојките во блендер или во соковник. Ви препорачуваме при консумацијата на овој пијалак да консумирате многу вода, што ќе помогне во исфрлањето на токсините.
Пијте по 2 чаши од овој магичен пијалак во текот на денот.