Сите сопственици на мачки имаат забележано дека нивните миленици одвреме-навреме знаат да исчезнат без трага. И покрај тоа што ги знаете сите места во домот, сепак не можете да ја најдете.
Здравје и криење
Како чувствителни суштества, мачките најчесто се повлекуваат и затајуваат кога нешто не е во ред во нивната околина или со нивното здравје. Најчестите причини се здравствени проблеми (хронични болки, неможност за нормално движење), стрес или страв. Стресот е последица на промените што можат да се појават во околината, од доаѓањето на новиот член на семејството до доаѓањето на гостите чии вибрации ги нема претходно почувствувано.
Срамежливост
Многу од мачките се кријат додека сопствениците имаат гости. Начинот на кој можете да ја пресрамите мачката е да ја доведете во средина на нови луѓе и постепено да се навикне на нови звуци и појави. Доколку тукушто сте се преселиле на ново место, едноставно им треба повеќе време да се навикнат.
Стрес
Кога станува збор за стрес, тоа е уште еден важен фактор на кој мачките реагираат и се многу чувствителни. Посебно ако станува збор за физичко казнување. За разлика од кучињата, кои понекогаш слепо го следат својот господар, мачките лесно можат да ја изгубат довербата кај сопствениците ако добијат некоја физичка казна. Тоа може да доведе во нејзино трајно повлекување во себе. Мачката може да се лути со години.
Дете и мачка
Бидете внимателни и ако имате мали деца, бидејќи нивната игра со мачката може лесно да доведе до заемни повреди. Децата понекогаш се груби и немаат мера за сила. Затоа ви треба максимална претпазливост ако имате мачка. Таа може комплетно да се повлече во себе или да реагира со агресија.
Промени во однесувањето
Медицинските причини за криење можат да бидат различни и многубројни. Секогаш треба да обрнете внимание на промена во однесувањето, особено ако мачката отстапува од вообичаеното однесување. Разни здравствени проблеми може да предизвикаат промени во однесувањето. Затоа не треба да го губите вашето време, и штом ќе забележите дека постои промена во однесувањето на вашето домашно милениче – веднаш упатете се кон вашиот ветеринар.
Предатор
Друга причина за криење на мачки е нешто што се нарекува игра на предатори. Секој има забележано дека мачките сакале да влезат во ќеси, чанти, кутии и тоа да биде нивната појдовна точка за нападот. Оттаму скокаат, ги ловат сопствениците околу куќата, па брзо се враќаат во своите торби како во безбедна средина. Ова е во суштина игра на инстинкти, бидејќи сите мачки во природата напаѓаат и сакаат плен само ако имаат безбедна основа во која можат да се засолнат.
Совет
Се препорачува да ѝ обезбедите на вашата мачка што е можно повеќе скришни места во домот за да се чувствува безбедно. Обидете се да играте што е можно повеќе со вашата мачка и обезбедете ѝ доволно играчки, кои ментално ќе ја стимулираат и ќе ѝ овозможат да остане психолошки здрава и стабилна.
Нова мачка во домот
Пристигнувањето на новата мачка, исто така, може да биде поттик за промени во однесувањето. Ако донесете нова мачка во вашата куќа, треба да поминете еднакво време со двете за да не се појави љубомора. Кај мачките територијалната агресија е сосема нормална појава. Потребно е време и новото милениче ќе го најде своето место во хиерархијата на новонастанатите односи.
Мачките се кријат поради:
– Игра
– Стрес или страв
– Болка или здравствени проблеми
– Срамежливост
– Лутина поради казнување
– Доаѓањето на нова мачка во домот
– Промени во просторот за живеење