Второодделенчињата од скопското
ОУ „Блаже Конески“ цртаа како се штитат од ковид-19
Измина цела година откако светот живее живот приспособен на пандемијата на коронавирусот. И учениците мораат да се приспособуваат на новите услови.
Во 2-1 одделение во ОУ „Блаже Конески“ во Скопје, половина од децата оваа учебна година учат со физичко присуство, а половина наставата ја следат онлајн.
На учениците најмногу им недостига дружењето со своите другарчиња. Сепак, тие се трудољубиви и послушни и се придржуваат до секојдневните упатства на наставниците и на родителите, да носат заштина маска, да ги дезинфицираат рацете и да држат дистанца.
– Учениците научија како да се однесуваат за да го заштитат своето здравје, како и здравјето на своите најблиски. Редовно ги потсетуваме учениците да не заборават на вирусот што нѐ демне. Тие своите видувања на ковид-19 ги прикажуваат и со свои цртежи, со кои испраќаат порака до своите врсници дека мора да бидеме одговорни кон целата состојба, со желба што побрзо да мине оваа време-невреме и да се врати детскиот џагор во училишните дворови – ни рече одделенската наставничка Јадранка Клисарова.
Ви прикажуваме дел од ликовните творби на овие умни и дисциплинирани второодделенчиња.