Кокосот е големо дрво што расте во тропските предели. Кафените, цврсти лушпи го штитат кокосовото месо внатре. Во последно време на големо се користат кокосовото масло и млеко, па многу луѓе се прашуваат кои се здравствените придобивки од
консумирањето на кокосот и производите од него.
Кокосот е богат со неколку важни минерали, особено манган и бакар. Додека манганот ја поддржува функцијата на ензимите и метаболизмот, бакарот ја подобрува структурата на коските и срцевото здравје.
Масти
Кокосот е уникатно овошје бидејќи е богато со масти. Околу 89 отсто од мастите се заситени.
Влакна
Порција од 80 грама кокос обезбедува седум грама растителни влакна, кои се 20 проценти од дневната препорачана доза. Повеќето влакна се нерастворливи, што значи дека не се обработуваат во организмот. Тие служат за подобро движење на храната во стомакот и за подбра функција на дигестивното здравје.
Здравствени придобивки
Кокосот може да го подобри вашето здравје на многу начини. Голем број од истражувањата се фокусирани токму на тоа што кокосот е богат со масти.
Ја подобрува работата на срцето
Кокосот содржи кокосово масло, кое го зголемува добриот холестерол, а го намалува лошиот ЛДЛ-холестерол. Со тоа што го намалува лошиот холестерол, кокосот го штити вашето срце од голем број кардиоваскуларни болести.
Помага при намалување на телесната тежина
Многубројни студии покажуваат дека консумирањето кокос ве прави да се чувствувате сити подолго време, со што горите калории што, пак, води кон губење на телесната тежина.
Една 90-дневна студија спроведена кај осум возрасни што консумирале 100 грама кокос дневно, покажа дека добиле значително намалување на телесната тежина.
Одличен е за цревата
Кокосовото масло помага во тоа да имате редовна столица, но и за одлична работа на стомакот. Бидејќи е богат со масти, кокосот му помага на организмот да ги апсорбира витамините А, Д, Е и К.
Ги зајакнува добрите бактерии во цревата и го подобрува метаболизмот.
Кокосот помага во намалување и стабилизирање на шеќерот во крвта
Погоден е и за дијабетичари, кокосот помага во намалување на високото ниво на шеќер во крвта. Покажал одлични резултати не само кај здрави лица, туку и кај лица заболени од дијабетес.
Го подобрува имунитетот
Манганот и антиоксидантите со кои е богат, се одлични за активирање на имуниот систем.
Одличен е за мозокот
Кокосот и мастите со кои располага се одлична храна за мозокот. Лицата што имаат проблем со меморијата, но и оние што боледуваат од Алцхајмер, потребно е да консумираат кокос неколкупати неделно.
Нутритивни факти
Кокосот е богат со масти и калории. Околу 80 грама кокос содржи:
l калории 283;
l протеини 3 грама;
l јаглехидрати 10 грама;
l масти 27 грама;
l шеќер 5 грама;
l влакна 7 грама;
l манган 69 отсто од дневната препорачана доза;
l селен 15 отсто од дневната препорачана доза;
l бакар 44 отсто од дневната препорачана доза;
l фосфор 13 отсто од дневната препорачана доза;
l калиум 6 отсто од дневната препорачана доза;
l железо 11 отсто од дневната препорачана доза;
l цинк 10 отсто од дневната препорачана доза.