Неодамна објавениот Индекс на глобална здравствена безбедност покажува кои земји во светот се најподготвени да се справат со епидемија или пандемија. Оваа тема повторно се најде високо на агендата на многу земји откако во 2014 година изби нова епидемија на ебола во повеќе делови во Западна Африка, во која настрадаа над 10.000 луѓе. Сето тоа натера многу други земји да ги засилат одбранбените механизми за битка со пандемиите.
Индексот ги анализира нивоата на подготовка, фокусирајќи се на тоа дали државите имаат соодветни механизми за справување со појава на големи болести. На скалата од 0 до 100, на која 100 означува највисоко ниво на подготвеност, на прво место се САД, по што следуваат Британија и Холандија. Очекувано, земјите со повисоки приходи се и на повисоките места на скалата во однос на подготвеноста за справување со епидемии и пандемии.