Во престижниот музеј „Уфици“ во Фиренца, Италија, на 29-ти месецов ќе биде отворена изложбата „Кодексот Лајчестер на Леонардо да Винчи“, која ќе трае до 20 јануари 2019 година.
Овој бележник од 72 страници содржи научни дела и скици на Леонардо да Винчи од 1504 до 1508 година. Пишуван е со негова рака, а во него славниот уметник и научник ги запишувал своите размислувања на различни теми, од фосилите, преку Месечевите мени, до движењето на водата.
Бил Гејтс во 1994 година го купи за 30,8 милиони долари и го преименува во „Кодексот Лајчестер“. Сумата што Гејтс ја издвои ја направи оваа книга најскапо продадена досега.
Изложбата со која „Кодексот“ се враќа во Италија е вовед во прославата на 500-годишнината од смртта на големиот уметник, наредната година.