Издавачката куќа „Антолог“ го најавува објавувањето на романот „Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија, Кадер Абдолах. Станува збор за историски роман што преку религиско-љубовни алузии ни ја доловува Персија од бајките. Преводот на македонски е на Елизабета Божиноска.
Книгата е објавена со поддршка на Холандскиот литературен фонд.
Кадер Абдолах (1954) е ирански писател што пишува и на холандски јазик. Неговото вистинско име е Хосеин Саџади Гемагами Фарахани. Тајно ја проучувал западната литература и го осознавал поимот за слободата. Како студент по физика во Техеран, пишувал за еден нелегален весник и тајно објавил две збирки раскази под псевдонимот Кадер Абдолах. На холандската литературна сцена дебитирал во 1993 година. Делата на Абдолах се преведени на повеќе од 20 јазици.