Актуелниот светски шаховски првак, Норвежанецот Mагнус Kарлсен, и претендентот за светската круна, Американецот Фабијано Kаруана, ремизираа во 1-то коло на силниот шаховски турнир во Карлсруе и во Баден-Баден (Германија). Ремито беше потпишано во 65-от потег, иако објективно Карлсен испушти можност за забележи цел поен. Нивниот меѓусебен скор сега изнесува девет победи за Карлсен, пет за Каруана, а 18 дуели завршиле со реми.
– Очигледно немам притисок на овој турнир, тоа е само турнир за моја подготовка и за забава – рече Каруана по партијата. Карлсен очигледно сака да победи на овој турнир, бидејќи како светски шампион и моментно играч со највисок рејтинг, сѐ друго би било неуспех. Освен тоа, евентуалната победа со црни фигури против неговиот претендент ќе претставуваше и мал психолошки удар за Каруана. На турнирот играат 10 шахисти, а по третото коло во водство се Французинот Максим Вашер-Легрев и Русинот Никита Витјугов, со по 2,5 поена, а Карлсен, Каруана и Аронијан имаат по два. Индиецот Вишванатан Ананд е осми со еден поен, а единствената дама Кинеската Хоу Јифан засега e 10-та со половина поен.