Владите не успеаја да ги натераат банките да се заштитат од ризици, а некои денес се дури уште поголеми од пред десет години
Вил Хатон
Овој викенд се одбележуваат десет години од очајните напори да се спаси една од најголемите банки во светот. Коцката беше фрлена кога канцеларот Алистер Дарлинг ја отфрли големата глупост на Барклис да ја преземе пропаднатата инвестициска банка Леман брадерс, а големината и сложеноста на нејзините долгови ќе значеа крај за двете банки и за целиот британски банкарски систем. Банката Леман пропадна, а последиците се чувствуваат и денес.
Одеднаш, гордите авантуристи од финансиската олигархија стана „паметни шутраци“, како што големиот економски коментатор Волтер Баџет ги опиша извршните директори на Оверенд, Гурни и Ко пред нивниот банкрот од пред 150 години. Сите претпоставки на генерацијата економисти од слободниот пазар, конзервативните политичари и на финансискиот естаблишмент беа прикажани како идеолошки глупости за кои се залагаат денешните шутраци.
Точно е дека пазарите можат да направат и наедно направија големи и катастрофални грешки. Точно е дека акционерите толку беа исклучени од работењето на компаниите во кои всушност тие инвестираа, што им дозволија на нестопанските банки да функционираат за да создадат огромни богатства за цели генерации на нивните директори, преземајќи ризици од размери што дури и самите не ги разбираа. Точно е дека финансискиот систем стана сложена и испреплетена мрежа што не е посилна од најслабата алка, која инаку беше премногу слаба.
Обично цената за ваквите грешки ја плаќаа граѓаните, а сторителите се извлекуваа, така што се национализираа загубите и се приватизираа добивките. Целата идеја беше да се преобрази капитализмот во систем на искористување наместо создавање на вредностите, со секундарни ефекти што ќе ги намалат платите и ќе ги трансформираат работните договори на определено време или да бидат само авторски. Финансискиот систем базиран во Лондон и во Њујорк стана ужасен, односно ноќна мора на нашето време.
Кумулативните трошоци за ова станаа толку големи што едвај можат да се покријат. Се проценува дека вкупните трошоци на Западот за рекапитализација на пропаднатите банки, со нудење гаранции и оправдување на исчезнатата ликвидност, изнесуваат 14.000 милијарди долари. Рецесијата што следуваше беше најтешка по онаа во 1930-тите и по неа дојде и најслабото закрепнување. Уште полошо беше што конзервативните политичари, особено во Британија, успеаја вината да ја префрлат на ексцесите на државата, наместо на архитектите и на раководителите на современиот финансиски систем, што беше причината за „строгите мерки за штедење“.
Високите владини трошоци, односно наводно канцеларот Џорџ Озборн и премиерот Дејвид Камерон, предизвикаа дефицитот во владиниот буџет нагло да се зголеми. Ова не е точно, затоа што дефицитот настана од пропаѓањето на даночните приходи за време на големата рецесија. Истите шутраци што го создадоа современиот финансиски систем сега тврдат дека егзистенцијална закана претставува големината на јавниот долг, и покрај тоа што пропорционално е повисок од претходниот во изминатите три века и понекогаш со повисоки каматни стапки. Во Британија јавните трошоци по жител за услуги ќе се намалат за една четвртина до 2020 година како резултат на последователните кратења на трошоците, а даночните зголемувања не можеа да се дозволат, од она што остана од поделеното општество во Британија. Незадоволството и страдањето само ги зголемија поделбите за на крајот да се изгласа истапување на Британија од ЕУ.
Тешко беше пропаѓањето на фаустовскиот договор меѓу финансискиот систем и граѓаните, кој траеше 30 години, до 2008 година. Банкарите заработија огромни богатства, но граѓаните добија само кредити и пораст на цената на недвижностите. Компаниите немаа потреба да создаваат вредности преку иновацијата, инвестициите и извозот, а наместо тоа, тие го искористија процутот на кредитите. Ова резултираше со превработеност и оптовареност на услужниот сектор, кој даде неоснован пораст на продуктивноста.
По 2008 година, ранетиот систем не можеше да работи со исто темпо, иако се трудеше. Илузорната продуктивност стагнираше, а рекордно ниско ниво забележа довербата во капитализмот и бизнисот со искористување на вредностите што и натаму го префрла ризикот врз грбот на обичниот народ. Не е чудо што Џереми Корбин доби голема поддршка на ланските парламентарни избори.
Многу малку се научи и многу малку се смени. Дури и пакетот ограничени реформи што започна од 2010 година не се спроведе целосно. Уште полошо е што уште важи суштински неморалниот договор. Финансискиот систем може да прави што сака со плати незамисливи дури и за најалчниот, она што поранешниот шеф на управата за финансии, лордот Адер Тарнер, го нарекува активност, која е еден обичен систем на пренос на богатство. Ова е игра во која за едни да добијат сите други губат – не се случува ништо вредно. Сепак, ако се случи банкрот, со сигурност ќе биде побарано од владите да се вмешаат.
Ризиците се потценуваат. Секако ова може да не се повтори ако регулаторите се повнимателни и од банкарите се побара да одделат поголем дел од нивниот капитал како амортизација за грешките? Само еден обичен брз поглед на пазарите открива колку тие не се стабилни, колку се изложени на интензивни движења, колку е илузорна нивната толку фалена ликвидност и колку многу ќе заработат оние што се подготвени да ризикуваат.
Исто така треба да се истакне колку не се стабилни темелите на новиот бран финансиски продукти што нудат „разновидност на ризикот“, познати како размена на трговски фондови (ЕТФ). Живееме во свет во кој цената на американските државни обврзници, пазар од мултиилјади милијарди долари, може да придвижи 10 отсто во 10 минути. Во 2008 година нејасно беше како, поради компјутеризирани алгоритамски инструкции за купопродажба, сите се збогатија на истиот начин, со тоа што сите истовремено станаа и купувачи и продавачи. Денес ова е уште посериозно.
Сè што е потребно, да речеме, е Турција или Италија да не ги вратат долговите, ЕТФ да се оптовари или да банкротираат дел од кинеските банки (за што се мали шансите) чие влијание ќе се почувствува во целиот свет како што се случи во 2008 година. Банките располагаат со премалку капитал за да се изолираат од шоковите, а повторно владите ќе бидат принудени да преземат мерки.
Капитализмот како таков нема да опстои. Америка на чело со Доналд Трамп нема да учествува во обезбедувањето светска финансиска помош како што беше во случајот во 2008 година. Ќе се зголеми трендот кон деглобализацијата и трговската заштита. Британија со брегзит, надвор од ЕУ и со огромен финансиски сектор, ќе претрпи голем удар. Мораме итно да го намалиме ризикот или да ја преструктурираме нашата економија. Во спротивно во иднина, денешните дебати и преокупации ќе бидат бескорисни.