Пастата за заби е сестрана алатка, која може да ве спаси од многу проблеми во домаќинството. Наместо да купувате десетици различни средства за чистење, инвестирајте во неколку пасти за заби. Ќе се изненадите од нивната корисна бенефиција, бидејќи дефинитивно пастата не е наменета само за нега и грижа на забите. Еве што сè може да исчистите со неа.
Отстранете ги гребаниците од кожените обувки
Пастата за заби брзо и ефикасно ги отстранува гребаниците од кожените обувки. Ставете мало количество паста за заби на мека крпа и истријте ја површината на обувките. Потоа отстранете ги остатоците со влажна крпа.
Исчистете ги клавишите на клавирот
Ако клавишите на вашиот клавир станале жолти, исчистете ги со четка и паста за заби. Остатоците избришете ги со влажна крпа. Ова чистење е особено ефикасно за белите клавиши што се изработени од слонова коска.
Чистење бели чевли и патики
Доколку вашите патики постепено стануваат сиви или гумата веќе не им е бела, ставете малку паста за заби на четка и истријте ги патиките.
Исчистете метал
Дури и металот со висок квалитет знае да стане нечист по некое време. Настанатиот талог на површината на металот можете лесно да го отстраните со паста за заби и без оштетување на апаратите за домаќинство. Ставете малку паста за заби на ладната површина на металот, истријте со крпа, а потоа измијте со вода и оставете да се исуши.
Отстранете го мирисот од садовите
Детските садови честопати имаат мирис на млеко, од кој можете да се ослободите на следниот начин: ставете малку паста за заби и добро втријте ја во ѕидовите на садот. Потоа исплакнете го со вода.
Отстранете ги детските цртежи од ѕидовите
Доколку вашето дете нацртало нешто на ѕидот во налет на креативност, отстранете го ова „уметничко дело“ со помош на паста за заби и крпа. Пастата за заби исто така добро ги отстранува трагите од мастило од пенкало.
Отстранете ги дамките од кармин
Ставете паста за заби на дамката и тријте енергично со крпа. Потоа исплакнете со вода.
Бонус-совет
Пастата за заби е неопходна алатка не само во домот туку и како козметички производ, покрај чистењето заби, таа добро ги суши акните и го намалува црвенилото. Сепак, оние со осетлива кожа треба да бидат внимателни, бидејќи пастата за заби може да предизвика иритација.
Полирање сребро и злато
За да блеска вашиот накит како на денот кога сте го купиле, земете стара четкичка за заби, ставете паста за заби на неа и исчистете го накитот.
Исчистете ја бањата
Доколку немате при рака специјални средства за чистење, може да ви послужи и паста за заби. Пастата за заби ќе ѝ даде блескав сјај на вашата бања. Исто така со неа можете да ги исчистите и мијалникот и кадата. Освен тоа, кога чистите со паста за заби, добивате бонус отстранување на непријатниот мирис од одводот.
Отстранете траги од вода од дрвениот мебел
Доволно е да ставите мокра чаша или шолја на дрвена маса и ќе остане неубава трага од водата. За да ги отстраните овие траги, потребни ви се мека крпа и паста за заби.