Зимата е време кога јадеме тешка заситена храна и повеќето од нас не се движат многу, па не е чудно ако се наталожи некој килограм вишок
Како што полека се приближуваме до празниците и сè пониските температури, поради кои поминуваме повеќе време во затворени простории, така ни станува сè потешко да им одолееме на вкусните грицки удобно сместени во топлиот дом.
Веруваме дека цела пролет и лето се грижевте за вашата фигура и ја доведовте во топ-форма, па затоа дефинитивно сте загрижени како да ја држите тежината под контрола, бидејќи нема да ви треба многу за да бидете изненадени следниот пат кога ќе стапнете на вагата или нема да успеете да ги облечете омилените фармерки. Зимата е време кога јадеме тешка заситена храна и повеќето од нас не се движат многу, па не е чудно да се наталожи некој килограм вишок… Издвојуваме пет совети што треба да ги следите и проблемите со вишокот килограми ќе исчезнат.
Појадок со многу протеини
Појадокот често е богат со јаглехидрати, а сиромашен со хранливи материи. Истражувањата покажаа дека консумирањето појадок богат со протеини може да помогне да се намали потребата за јадење нездрава храна во текот на денот. На пример, појадокот со јајца или грчки јогурт може да помогне во одржувањето на килограмите под контрола.
Приспособете ја вашата исхрана
Никој не вели дека не можете да си ја дозволите омилената торта или вкусна пица понекогаш, но не претерувајте. Во вашето дневно мени задолжително внесете слатки компири, кои содржат многу влакна, листен зеленчук, тиква, кељ, јаболка… Студот е извор на стрес за организмот, а за одржување стабилна температура и за одржување на хомеостазата, потребно ви е повеќе енергија.
Ослободете се од стресот
Претпразничната сезона обично е извор на стрес, а сето тоа има физички последици. Прекумерниот стрес го зголемува нивото на кортизол, што предизвикува телото да ги задржува мастите. Од друга страна, нивото на хормоните на гладот расте, па завршуваме пред фрижидерот, внесувајќи сешто во себе. Затоа, не заборавајте да се обидете да најдете начин да се опуштите – вашата омилена серија, книга, прошетка или јога може да ви помогнат.
Спијте доволно
Истражувањата сугерираат дека губењето на сонот може да го зголеми ризикот од зголемување на телесната тежина, така што ќе влијае на вашиот апетит, при што е поголема веројатноста да посегнете по висококалорична храна. Покрај тоа, пократките денови во зима значат помалку светлина, што може негативно да влијае на квалитетот на сонот. Можете да преземете чекори за подобрување на квалитетот на спиењето со ограничување на изложеноста на сина светлина, спиење во темна просторија и избегнување кофеин повеќе од шест до осум часа пред спиење.
Вежбање на отворено
Можеби излегувањето на отворено не е примамливо поради студот, но тоа не треба да ве обесхрабрува. Почестете се со добра опрема за вежбање и едноставно тргнете. Без разлика дали се работи за трчање, возење велосипед или лизгање (што согорува неверојатни 450 калории на час и ги зајакнува задникот и бутовите), активностите на отворено и свежиот воздух се секако позабавни и поздрави од вежбањето во затворен простор.