Туринговиот тест е легендарен во областа на вештачката интелигенција. Ова е првиот тест што е предложен од визионерскиот британски математичар Алан Туринг во 1950 година. Тестот дава практичен начин за да се утврди дали компјутерот постигнал човечко ниво на интелигенција. Туринг овој процес го нарекол игра за имитација. Доколку преку писмен допис со компјутер, компјутерот може да го убеди човекот дека е вистинска личност, тогаш го поминува тестот. Ова звучи едноставно во теорија, но скоро невозможно во практика.

Туринг ја добил идејата за имитациска игра како одговор на колегите и критичарите кон крајот на 40-тите години, кои се држеле до тоа дека машина никогаш не може да биде навистина интелигентна. Но Туринг имал поголема верба во овие примитивни нови машини што ги нарекол дигитални компјутери. Тој бил првиот човек што предвидел нешто што денес го сметаме здраво за готово, машина што може да се програмира за да направи скоро сѐ. Туринг пишувал за компјутерите многу време пред тие да постојат. Уште во 1936 година, тој го претставил концептот на универзална компјутерска машина во математичко-истражувачки труд наречен „На пресметливите броеви, со одгатнување на нерешливото“.
-Според мојата дефиниција, голем број може да се пресмета ако неговите децимални места можат да бидат запишани во машина. Можно е да се измисли една машина што ќе може да пресметува каква било пресметлива секвенца – напишал Туринг една деценија пред да се изгради првиот електронски компјутер, се наведува на страницата „Хау стаф воркс“.

Дефиницијата на Туринг за пресметливост е нешто што компјутерот може да го направи, а денес е познато како алгоритам. Туринг беше првиот што ја утврдил рамката на машината што програмира за да изврши серија дискретни алгоритми за да се постигне сакана задача.
– Сè што можете да опишете како алгоритам, може да го направи една машина. Универзалната машина во суштина е она што сега е компјутерот, нешто на кое можете да ги чувате упатствата, а тоа ги спроведува. Никој друг не ја официјализира таа идеја – вели Ендру Хоџс, професор по математика на универзитетот „Оксфорд“ и автор на „Алан Туринг: Енигма“, инспирацијата за филмот за „оскар“ во 2014 година „Игра на имитирање“.

Од самиот почеток, универзалната машина на Туринг била замислена како многу поедноставена форма на вештачка интелигенција, иако тој термин не би бил измислен до 1956 година. Хоџс вели дека дизајнот на универзалната машина имал цел да ги имитира внатрешните работи на човечкиот ум, идеја што го фасцинирал и Туринг. Всушност, кога Туринг опишувал како ќе работи неговата универзална машина, го користел терминот „состојба на умот“ за да ги означи различните функции „за читање“ и „пишување“ на машината. Во концептуалната машина на Туринг, долга лента поминува преку скенер за читање и за запишување. Снимката била испишана со повеќе информации претставени со симболи. Главата на скенерот може да ги чита симболите или да напише нови според неговата „состојба на умот“.

Една деценија подоцна Туринг правел напори во Британија да изгради еден од првите електронски компјутери во 1946 година. Во ова време тој исто така студирал неврологија и човечка физиологија. Резултатот од овие студии е труд објавен за Националната физичка лабораторија каде што моделирал компјутер што може да се програмира за да учи сам. Хоџс го гледа ова како еден од најраните предлози на она што сега се нарекува „нервни мрежи“, еден вид машина за длабоко учење, која е блиску до концептот на вештачката интелигенција.


Дали машините можат да размислуваат?

Бидејќи дефинициите за „машина“ и за „размислување“ се нејасни, Туринг го стеснува обемот на прашањето. За неговите цели, машината мора да биде дигитален компјутер и тестот за тоа дали може или не може да мисли би одговорил со игра за имитација. Играта за имитација сега е позната како Турингов тест. Хоџис вели дека Туринг ја претставил идејата за можноста напредна вештачка интелигенција да донесува одлуки на начин како што обичните луѓе носат одлука, пример како порота на судење. Кога првпат бил објавен Туринговиот тест во 1950 година, самиот Туринг бил уверен дека интелигентните машини ќе можат да ја освојат играта за имитација во рок од 50 до 100 години. Дали ќе се остварат неговите предвидувања?
Ние веќе имаме суперинтелигентни компјутери способни да ги надминат најпаметните играчи во другите видови игри. Во 1997 година компјутерот Дип Блу на ИБМ го совлада шаховски шампион Гари Каспаров. Во 2011 година компјутерот Вотсон го собори рекордниот шампион во играта „Џeпарди“ Кен Џенингс. Но имитациската игра го крева критериумот за вештачката интелигенција и ниту еден компјутер досега не е блиску да ги убеди обичните луѓе дека тој е еден од нив. Барем сè уште не.
Годишниот конкурс наречен „Лоебнер прајз“ спроведува свои Турингови тестови на врвните чет-ботови за да види дали најновиот софтвер за вештачката интелигенција може да убеди судии дека е повеќе човечен отколку неговите човечки конкуренти. Ниту еден од чет-ботовите не успеал да го помине тестот. Најдобриот изведувач од чет-ботовите е наречен „Митцуку“, има постигнато оценка на „33 проценти човечки“. Сепак доколку ја симнете апликација за чет-ботот „Митцуку“ и направите виртуелен разговор, ќе се импресионирате од неговите природни одговори и големо знаење.