Македонците од 1300 година се познати како посебен народ. Тие имале свое владетелство, дури и некои балкански земји биле под нивно владеење

„Нова Македонија“ во неколку продолженија ќе објави извадоци од книгата „Македонија не е Грција“ од турскиот автор Ердоган Ознал. Книгата е напишана врз основа на голем број користени документи од турските архиви, a објавена во Истанбул

Денес во светот Македонецот постои. Впрочем, има луѓе што велат: „Јас сум Македонец“. Тој така се чувствува и со тоа име се гордее. Значи, никогаш не бил ниту пак можел да биде Грк. Македонија не е Грција и гледано низ историјата никогаш не била грчка. Македонскиот народ ниту историски, ниту етнички гледано никогаш не бил грчки, туку е посебен народ. Паролата „Македонија е грчка“, која денес се шири во Грција, е една голема лага. Човек со здрав разум не би можел да говори дека „Македонија е Грција“. Ниту со историјата, културата ниту пак со географската положба. Ако фрлиме само еден географски поглед, ќе видиме дека постојат три Македонии. Всушност Македонија, ако го изоставиме делот што се наоѓа во Албанија, е поделена на три дела, и тоа: еден дел се наоѓа во Бугарија, другиот дел е таа што се наоѓаше во Југославија и третиот дел е делот што се наоѓа во Северна Грција.

Ако една Грција, која ги потпишала сите документи за неменливоста на границите, било во НАТО, Европската заедница, КЕБС и сл., рече дека Македонија е грчка, дали не пројавува територијални претензии спрема соседите: Бугарија, довчерашна Југославија, дури и спрема одделни делови на Албанија.
Затоа, да се рече „Македонија е грчка“ е голема грешка и голема неправда.
Дека Македонија не е грчка говори и една статистичка вистина. Иако Грција секогаш тврди дека во неа нема македонска нација, табелата што ја приложувам говори за таа вистина. Инаку, во Грција живеат следните национални малцинства:

Турци 120-130.000
Македонци 300.000
Бугари 25.000
Евреи 6.000
Ерменци 16.000
Албанци
од грчки извори 50.000,
од албански извори 200.000
Власи 100.000
Романци, според романски извори, 1,5 милион.

Тешко е да се каже дека и Атина е грчка. Според едно сознание од почетокот на 19 век составот на населението на Атина е следен: 24 отсто се Албанци, 32 отсто се Турци и 44 отсто се Грци. Ако во еден град 56 отсто од населението не се Грци, тогаш тој град може ли да биде грчки?
Во Солун, познатиот македонски град, во почетокот на 19 век 78 отсто од населението не се Грци. Се поставува прашањето како може овој град да биде грчки. Во Грција (на кои бројот не им се знае) има и други националности како што се: Спартанци, Истанбулци, Роми, Епирци и др.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ВЕКОВЕН

Југославија на Македонците им дозволи да формираат сопствена република. Инаку, како што некои тврдат дека македонската нација ја формирал Тито, не е вистина. Може ли еден народ да се создаде за 45 години? Како и сите народи и македонскиот народ со векови се развивал и ги градел сопствените темели на самобитноста.
Во 1990 година во Америка, во еден документ за човековите права се говори дека Македонците како што ги има во Југославија, така ги има и во Грција. Иако Грција беше бесна, оваа констатација за постоењето на Македонци во Грција беше од голема полза. Постоењето на една нација, колку и да го негираш и да не ја признаваш, е сепак вистина. Верскиот лидер на православните Грци во Америка, Јаков, вели: „Најголем проблем на елинизмот е проблемот со македонското прашање“.

Зошто толку проблеми создава еден од деловите на елинизмот? Зошто и Папандреу нешто слично зборуваше? Зошто претседателот на Република Грција Караманлис на 28 април 1992 година на аеродромот во Солун пред ТВ-камерите истури крокодилски солзи велејќи: „Киро Глигоров ќе се кае од она што вели и од тоа што прави“? Дали некој треба да се плаши од сопствениот народ? Ако тврдиш дека Македонците се Елини, зошто од нив се плашиш и велиш дека прават големи проблеми? Значи, Македонците никогаш не биле Грци, туку тие се посебен народ.
Македонците од 1300 година се познати како посебен народ. Тие имале свое владетелство, дури и некои балкански земји биле под нивно владеење.
Денес во светот Македонецот постои. Впрочем, има луѓе што велат: „Јас сум Македонец“. Тој така се чувствува и со тоа име се гордее. Значи, никогаш не бил ниту пак можел да биде Грк.
Досега искажаните примери се доволен аргумент да докажат дека тврдењето дека „Македонците се Грци“ е една голема лага.

Не е јасно пред научните вистини и историските факти, како може постоењето на една нација да се негира и да се вели дека „денес во Грција нема Македонци, таков народ не постои, ниту пак има некое малцинство под такво име“. Историска вистина е дека македонскиот народ постои. И тоа е вистината. Но вистина е и тоа што Грците тврдат дека таков народ „не постои“. Впрочем, тие со векови се трудат Македонецот или да го асимилираат или да го уништат. Грција знаела и знае дека македонскиот народ постоел и постои, а систематски работела и работи тој народ да го уништи:

НЕЦИВИЛИЗИРАНИТЕ ЗА ЦИВИЛИЗИРАНИТЕ

Заљубени во сопствената цивилизација, Грците говорат дека многу народи во светот треба да се цивилизираат.
Откако ќе прочитате какви сѐ нецивилизирани постапки применувале против македонскиот народ за да го уништат, ќе сфатите дали треба да се цивилизираат во светот другите народи или ќе разберете дека тоа им треба токму на Грците.
Во врска со бројноста на македонското население, најдобри статистички податоци има во турските документи. Генералниот инспектор за Македонија, Хусеин Хилми-паша, во 1904 година, откако во Македонија (се мисли на трите дела – н.з.) извршил попис на населението, земајќи го предвид и нивното етничко битие, ги регистрирал следните податоци:

Турци, Муслимани и Албанци 1.508.507
Македонци 896.494
Грци 307.000
Срби 100.000
Власи 99.000
Вкупно: 2.911.721

Според пописот што е направен во 1913 година во егејскиот дел на Македонија од страна на Комисијата на Карнеги, составот на населението е следен:

Македонци 329.000
Турци 314.354.
Романци 236.775
Албанци 15.108
Власи 44.414
Роми 25.302
Евреи 68.206
Други 8.019
Вкупно 1.042.029

На пописот направен во 1926 година Македонците се сосема избришани.

Грци 1.341.000
Муслимани 2.000
Бугари 77.000
Други 91.000

На пописот направен во 1940 година во егејскиот дел на Македонија, да го оставиме настрана Македонецот, дури и името Македонија не се споменува. А составот на населението е прикажан вака:

Грци 1.341.000
Турци 98.000
Словени 66.665
Власи 26.750
Евреи 48.874

На последниот попис направен на населението во егејскиот дел на Македонија, од вкупно 2.057.000 жители, се тврди дека сите се Грци и дека друг народ, нација и сл. не постојат. Сега Грција треба да се праша: Во оваа област 2.000 – 3.000 години живеел милионски народ, цел свет го познавал со името македонски народ, надалеку познат со сопствената култура и традиција. Каде исчезнал?
На пописот во 1904 година ги имаше 896.494, во 1913 година – 329.371, а на пописите во 1926 и 1940 година веднаш ги снема!

(Продолжува)