Прастарата македонска раса караман, која беше пред исчезнување, со помош на Кинолошкиот сојуз на Македонија се враќа на кинолошката сцена
Вчера се одржа деветтата државна изложба на македонската раса куче -караман. Настанот беше одржан кај игралиштето пред мостот Сарај, а беше организиран од страна на Кинолошкиот сојуз на Македонија и кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче караман“. На настанот беа изложени голем број кучиња од расата караман и беше проследен со музички настап на младите надежи од хорот на основното училиште „Мирче Ацев“ од населбата Ѓорче Петров.
Целта на настанот беше да се испромовира расата караман, која претставува македонско национално кинолошко богатство. Прастарата македонска раса караман, која беше пред исчезнување, со помош на Кинолошкиот сојуз на Македонија полека но сигурно се враќа на кинолошката сцена. При нивните скромни почетоци имале едвај 10 примероци, додека сега се стигнати до импресивна бројка од 700 примероци. Овој вид куче е лојален сопатник, кој претставува одличен претставник на традиционалното македонско овчарско куче, со изразен заштитнички однос кон сопственикот и поседување голема резилиентност на надворешни услови. Клубот работи на воскреснување на старата митолошка македонска раса караман. Се водат преговори и напори за негово конечно признавање од страна на Светската кинолошка федерација.
– Засега сме рамноправно чинители и признаени од македонскиот кинолошки сојуз, исто така сме признаени во Бугарија. Со надеж во наредните 2 години да бидеме официјално признаени и од Светската кинолошка федерација – изјавуваат од „Караман“.
Располагаат со 700 кучиња, на изложбите традиционално присуствуваат од 40 до 70 кучиња. Клубот работи во 2 дивизии, работна дивизија и изложбена дивизија. За да ја зголемат свеста за постоење на оваа раса од кинолошкиот клуб посочуваат дека потребно е да се прави разлика помеѓу караманот и шарпланинецот. Караманот е претставник на лупо молосоидно куче од втората ФЦИ-група со марамано и карпатиан, додека шарпланинецот е молосоиден претставник. Овие две раси во висината се слични, со тоа што караманот е потесен и има за нијанса посветли очи. Во однос на наравот и двете раси се заштитнички настроени. Заради тоа што караманот е потесен истовремено е пожилав и агилен за разлика од шарпланинецот. Исто така оваа раса нема такви проблеми како шарпланинецот во топлите периоди. Од друга страна, дождот, снегот или ладното не му пречат.
– Во кратки зборови ова е куче што е создадено за теренот на Република Македонија. Ова куче е многу добар медиум посредник помеѓу човекот и природата. За оние што сакаат да се чувствуваат посплотени со природата, искуството на човек што шетал караман во природа е нешто незаменливо. Караманот не е обликуван од човекот туку од планината – коментира еден од посетителите што поседува караман.
Со свое видување, базирано на неговото богато искуство во врска со оваа раса излезе и Иво Каров, член на кинолошкиот клуб Караман.
– Караманот е архетип на македонско куче, станува збор за прастара раса. Логото на клубот е од 1911 година детаљот курбиново, кој е од манастирот во Курбиново, кој се однесува на фреските од 1911 г. Винченцо Коронели 1615 г, кога доаѓа на овие простори и ги прави првите обиди да направи точни географски мапи во Европа, хералдичкиот симбол што се служи во македонската нација е црно големо куче исправено на 2 нозе, тоа е караманот. Колумела грчко-римскиот историчар исто така ги спомнува многу експлицитно како големи црни кучиња, кои биле одлика на Македонците, кои ги користеле како придружници во борба, но и како чувари на нивните дворови – вели Иво Каров. Х.Ј.