Здрава храна
Предлозите за брз ручек секогаш се добредојдени, а особено кога температурите се високи. Тестенини со брокула и лимон се идеален избор за тропските денови. На плус 40, готвењето е вистински предизвик, па затоа ручек приготвен за 15 минути е вистинско решение.
Состојки за 4 лица: 0,5 кг тестенини по желба, 2 лажици маслиново масло, 1 лажица путер, 0,5 кг брокула, 2 чешниња лук, кора и сок од лимон, 140 милилитри павлака за готвење, 50 грама пармезан, свеж босилек, сол и црн пипер.
Приготвување: тестенините се ставаат во врела вода и се варат неколку минути, додека станат ал денте. За тоа време, во тава се ставаат маслиновото масло, путерот и сечканата брокула. По пет минути се додаваат лукот, кората и сокот од лимон, па се пржи уште неколку минути. На крајот се става павлаката и се остава да зоврие, па се додава пармезанот. Тестенините се цедат и се прелеваат со сосот. Се зачинуваат по желба и се украсуваат со свеж босилек.